Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, на 19 и 20 мај, во Амстердам, Холандија, го претстави својот асортиман на производи на еден од најголемите светски саеми PLMA World of Private Label.
Фондацијата обезбедува целосно или делумно финансиски средства за отворање на секоја е-училница, но и техничка поддршка со опрема за реализација на настава, како и интернет конекција за целосно функционирање на опремата.
Во текот на летната сезона на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се воведуваат нови летови за Базел и Лондон.
Наградата од 1.500 евра во денарска противвредност, беше подеднакво поделена на три софтверски решенија, односно на: МЕМОРИЈА на Никола Војновски, ДАБ АРЕНА на Игор Спасеновски и CATCH POP на Томислав Јованоски.
Вкупната потрошувачка во март оваа година, во Македонија, по видови енергенти изнесува: 798.215 МWh електрична енергија, 14.327 мил. nm3 природен гас, 620.827 тони јаглен и 69.860 тони нафтени продукти.
Групацијата Триглав во првите три месеци од 2015 година со добро работење го задржа високото ниво на финансиска стабилност.
И оваа година Стопанска банка АД - Скопје, ја потврди својата професионалност и ефикасност во сферата на меѓународните плаќања за што доби признание од Дојче Банка преку Златната награда.
Меѓу Македонија и Србија потпишан е протокол со кој е договорено за годинава да се размени дополнителна квота од 50 дозволи за и од трети земји.
Освоените признанија на ваквите натпревари, претставуваат одлична препорака за вината на Тиквеш што се дел од винските карти во рестораните и се наоѓаат на полиците во трговските мрежи ширум светот.
Светски познатиот научник и професор по кибернетика, д-р Кевин Ворик, од денеска е почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causae) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Добивката во износ од 2.136.704 денари ќе се употреби и распредели за инвестирање во деловни проекти во интерес на осовременување на процесот на производството.
До крајот на Наградната игра на векот на Т - Мобиле, којашто трае до 30 мај, останува да се додели уште луксузниот Порше Кајман.
Во организација на ЦЕЕД Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за Регионален Економски Раст (РЕГ), на 19 мај, во Скопје беше организирана Б2Б средба на компании од регионот, на која произведувачите разговараа за можноста нивните производи да се најдат на полиците на големите трговци.
Бројот на паркиралишта и гаражи во текот на 2014 година, во однос на истиот период претходната година, бележи зголемување од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 19-ти овој месец прослави значаен јубилеј - 10 години од постоење на Друштвото.
Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Златната награда од Deutsche Bank: Gold 2014 Еuro STP Excellence Award.
Свеста кај граѓаните за потребата од животно осигурување е на доволно високо ниво, а за тоа говорат и двоцифрените стапки на раст на премијата за животно осигурување.
Кованите пари за колекционерски цели Близнаци и Рак, од серијата Хороскопски знаци, се издадени и пуштени во оптек, се наведува во соопштението на Народна банка на Македонија.
Во рамки на кампањата ПроКредит на граѓаните ќе им подари платнени ЕКО торби, изработени од 100% органски памук со меѓународен сертификат за стандардизирано производство со минимален ефект на животната средина.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во првото тримесечје од оваа година, се повисоки за 22,9% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка од 54.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата Јака 80 од Радовиш оствари загуба од 7.335.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во ентериерниот дизајн застапени се два модела на просторно осветлување. Примарното ја користи природата на таванските и ѕидните осветлувачки уреди да го осветли просторот, секундарното се користи за дополнително осветлување на одреден простор.
Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета.











