Компанијата Grupa TriGranit преку словенечкиот партнер Групација ЕРА, која е сопственик на Скопски саем, ќе влезе и на македонскиот пазар.
Директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, во интервју за Алсат-М изјави дека компании од автомобилската индустрија во следниве две недели ќе ја скенираат Македонија.
За поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава се наменети вкупно 64 милиони евра, 54 милиони евра од Европската унија, а останатите се обезбедени од државниот буџет. Досега се распределени 14 милиони евра за тековни проекти.
Во македонското млеко нема присуство на афлатоксин над дозволеното ниво, а се контролира и сточната храна во земјава, тврди министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.
Менаџирањето не се остварува на ниту еден друг начин освен преку комуницирање, а еден од главните елементи на комуникацискиот процес е слушањето.
Албански универзитетски професори, претставници на албанското министерство за земјоделство, како и земјоделци од Албанија го посетија неготинското село Тимјаник за да се запознаат со бизнисот на семејството Мојсовски, кое произведува сертифициран лозов калем.
Во текот на следната недела Регулаторната комисија за енергетика ќе предложи намалување на цената на топлинската енергија од 13,26% за граѓаните кои се греат преку Балкан енерџи груп и 14,92% за оние што се греат преку топланата Скопје Север.
Руско-македонската фармацевтска компанија Продис, започна да ги извезува своите производи на рускиот пазар.
Единствено спорна од увезените млека од Србија е одредена количина од производот Moja kravica 2,8%MM, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот Imlek Белград.
Македонските компании искористиле половина од евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка.
Европската Унија, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка, ќе ја финансира реконструкцијата на реката Брегалница во централното градско подрачје на Берово.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи од 1 јануари не зависи од ЕВН Македонија, велат од компанијата, по вчерашната изјава на Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.
Предавачи на овој модул се Данче Чакаровска - Гроздановска, адвокат и правен консултант од адвокатската канцеларија Чакаровска и Весна Костовска, раководител на правниот оддел во EOS Матрих.
Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави Ставрески.
Кочо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија. Анѓушев на раководното место во МЕА доаѓа по Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција 17 години.
Ѕeat Leon е избран за Автомобил на годината во Македонија, од страна на националното жири, и со тоа стана 18-ти освојувач на оваа титула.
Последните случувања околу обврските што ги имала компанијата Сахара Паривар во Индија, не ги попречуваат активностите за реализација на инвестицијата на индискиот милијардер Субрата Рој во Македонија.
Денес пред преставниците на дипломатскиот кор Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе организира прoмоција на капацитетите и извозните потенцијали на компанијата за производство на прехранбени и кондиторски производи АД Витаминка од Прилеп.
На вчерашната трибина во општина Гази Баба, дел од проектот Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната, беше изјавено дека процентот на небезбедна храна во Македонија е преполовен, од 5,3% во 2008 година на 2,4% во 2011.
Донацијата е во износ од 165.000 евра, а вкупната донација на Македонски Телеком за овој проект за унапредување на образованието е во износ од три3 милиони евра.
Во Демир Капија ќе никнат уште три индустриски зони, кои треба да придонесат за унапредување на локалниот економски развој во општината.
Макпетрол од 1 февруари 2013 ја намали цената на природниот гас за 3,08% во однос на јануари годинава, што претставува второ намалување на цената од страна компанијата од почетокот на годинава.
Првиот тематски настан на CEED регионалниот клуб на менаџери и претприемачи, на тема “Недвижности” ќе се одржи денес со почеток во 16 часот во просториите на CEED Македонија.
Првата седница на македонската делегација на меѓувладината мешовита комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, предводена од министерот за економија Ваљон Сарачини, ќе се одржи денес и утре во Будимпешта.