Како главен двигател на растот останува извозниот сектор, што во најголема мера е одраз на искористеноста на новите извозни капацитети.
Комерцијална банка оствари добивка во висина од 97.859.000 денари за период од први јануари до 31 декември 2014 година, покажува консолидираниот биланс на успех на банката, објавен на Македонска берза.
Создавање на бизнис средина за развој на претприемачи – вториот столб од Европската претприемачка стратегија 2020 е темата тркалезната маса која ќе се одржи денеска во Струмица во организација на Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
Бранка Павловиќ е именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје почнувајќи од 1 февруари 2015 година.
Советот на Народната банка на Република Македонија денеска ја усвои Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 денари.
Граѓаните и економските оператори може да ги плаќаат царинските давачки со картичките на маестро, мастеркард, виза електрон, виза, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите домашни и странски банки.
Посебен курс за обука на превозниците ќе се формира во рамките на работничкиот универзитет Кузман Шапкарев.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во ноември изнесува 21.588 денари, додека бруто износот е 31.644 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Централниот депозитар за хартии од вредност на Македонија ја пушти во употреба новата веб страница, на која на прегледен и едноставен начин ги презентира информациите од работењето.
Индустриското производство во декември, во однос на истиот период претходната година, бележи раст од 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Управата за јавни приходи спроведе контрола во Прилеп и Битола, по што било утврдено дека противзаконски работеле 23 правни лица на тоа подрачје.
Обуките се наменети за студенти запишани на студии за информатички и компјутерски науки, дипломирани или во последна година на студии.
Најновиот Samsung Galaxy Note Edge од последната серија на Galaxy Note, кој ја спојува напредната S Pen технологија и моќното визуелно искуство, од денеска е достапен во продажните салони на Вип.
Земјоделците кои набавија системи капка-по-капка и успешно аплицираа за поддршка добија финансиска поддршка во износ од 50% од цената на набавените системи.
Мобилната апликација МаркО (паметен асистент што ќе ви помогне полесно да ги комплетирате обврските), од вчера е достапна и на македонски јазик на Play Store, од каде што може да се преземе бесплатно.
Доставувањето податоци за стаж и за плати на секој осигуреник, што како проект почна да се реализира од 15 јануари, е бенефит за работниците затоа што отсега тие навреме ќе имаат увид во стажот.
Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со GPRS уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за on line следење на готовинските плаќања.
Во Македонија првпат ќе се додели награда за социјално претприемништво (Social Impact Award 2015), која претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студенти и млади.
Твининг проектот Помош на ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитацијата за мерката - Инвестиции во руралната инфраструктура започнува да се реализира од денеска.
Македонија освои 67,1 поени и се позиционираше на 53-то место во светот според економските слободи во глобални рамки, покажува Индексот за економски слободи.
Државата и годинава ќе додели шест милиони денари субвенции за граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори. Огласот го објави Министерството за економија, а граѓаните може да поднесат барање до 31 мај 2015 година.
Со секоја испратена СМС граѓаните придонесоа за отворање на центри за ран детски развој. Овие центри се алтернатива за градинките во рурални и маргинализирани средини.
Франшизерот го нуди својот бренд и таканаречениот кnow – how, а за возврат наплаќа одреден надмест од давањето на франшизата, додека франшизистот на тој начин стекнува право и можност да го применува деловниот потфат.
Единствено во ОНЕ, сите припејд корисници добиваат три пати повеќе кредит односно, за своите 100 денари добиваат 300 денари кредит.