Податоците за економската активност за вториот квартал ги потврдија очекувањата за солидно закрепнување на домашната економија, со реален раст на БДП од 4,3%.
Охридска банка, членка на Societe Generale Group, прикажа добивка од 184.759.000 денари, за период од први јануари до 30 септември оваа година, стои во билансот на банката, објавен на Македонска берза.
Центарот за ортотика и протетика АД Славеј оствари добивка од 9.506.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Конференција на тема Современа законска легислатива за подобрување на економскиот раст од денеска до 15 ноември се одржува во Струга.
РЖ Институт, во период од први јануари до 30 септември оваа година, оствари оперативна добивка во износ од 10,9 милиони денари, стои во краткото образложение за работењето, објавено на Македонска берза.
Владата на вчерашната седница донесе одлука да ги укине увозните давачки за индустриска пиперка, јавува Миа. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи до крајот на годинава.
Поранешниот хемиски гигант Охис прикажа загуба од 532.000 денари за првите девет месеци од оваа година, што е за над 62 милиони денари пониска од истиот период минатата година.
Бројот на туристите во септември 2014 година изнесува 66.033, а бројот на ноќевањата изнесува 156.554, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Пелистерка прикажа добивка од 35.124.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат резултатите од консолидираниот биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и одобри на Република Македонија средства во вкупен износ од 305 милиони евра.
За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивна каматна стапка од 3% во првите три години.
Винарската визба Попова кула од први јануари до 30 септември оваа година оствари добивка од 2.436.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Стопанската комора на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа денеска организираат семинар за најновите измени на Законот за заштита и безбедност при работа.
Цементарница Усје оствари нето добивка во вредност од 1.248.733.000 денари за девет месеци, покажуваат податоците во билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Прехранбената компанија Благој Ѓорев од Велес прокнижи загуба од 7.354.000 денари за девет месеци од оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2014 година изнесува 1.430.755.000 денари што претставува зголемување за 7,8% во споредба со истиот период лани.
Стопанска банка АД Скопје прикажа добивка од 1.350.185.000 денари за периодот од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Винаријата Сковин за девет месеци евидентираше загуба во висина од 51.090.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех, доставен на Македонска берза.
Во рамки на регионалниот проект за женско претприемништво, во Сараево од 09 до 11 ноември се одржа регионална стратешка конфереција и работилница на тема: Перспективите на женското претприемништво 2015 - 2020 година.
Намалување од 20% до 50% на производи од светски реномирани брендови ќе има од денеска, 11-ти до 18-ти ноември, вторник, во сите продавници на Техномаркет.
Рудници Бањани оствари загуба од 2.032.000 денари, во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Хотели Метропол Охрид, од први јануари до 30 септември оваа година, оствари добивка во висина од 41.893.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Рамстор Мол и здружението за борба против ракот Борка од утре започнуваат голема хуманитарна кампања под слоганот: Сакаш ли и ти да помогнеш?, со цел зголемување на свесноста за ракот и превентивно и навремено делување.
Компанијата Агроплод Ресен оствари загуба од 1.235.000 денари, во период од први јануари до 30 септември, што е за 55 милиони денари помалку во однос на минатогодишната загуба од 56.802.000 денари.











