Уни банка евидентираше добивка од 51.821.000 денари во периодот од јануари до септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Уготур во период од први јануари до 30 септември оствари загуба во висина од 2.557.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ќе потпишат Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност.
Компанијата Макпетрол оствари загуба од 34.105.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година што е четири пати пониска од претходната година, кога беше на ниво од 127.592.000 денари.
Компанијата Скопски пазар оствари добивка од 40.405.000 денари во период од први јануари до 30 септември, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Најновиот одек на технологијата од лабораторијата на Philips, ултра тенките телевизори Philips Android 4K, од вчера можат да се набават на 24 рати, без камата, како резултат на заедничката соработка меѓу Техномаркет и Стопанска Банка.
Во септември оваа година се издадени 264 одобренија за градење, што е за 118,2% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Фабриката за кондиторски производи Европа во првите девет месеци од оваа година оствари добивка во висина од 14.516.000 денари, што е намалување од 5,5 милиони денари во однос на истиот период лани.
Вкупните девизни резерви во октомври изнесуваат 2.429.100.000 евра, што во споредба со претходниот месец е намалување за 5.900.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Трошоците на живот во октомври, во однос на претходниот месец, бележат зголемување од 0,2%, додека цените на мало се намалени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Дебарски бањи Цапа од Дебар евидентираше нето добивка во висина од 23.166.000 денари за девет месеци од 2014 година, што за споредба со истиот период лани е зголемување за 8.135.000 денари.
Преку програмата, наставниците се обучуваат да ги поддржат учениците при истражувањето на своите таленти и интереси, дефинирањето на своите аспирации и подобро да ги разбираат нивните вредности.
Садниците ги обезбеди УСЈЕ, а сите 5.500 дрвца ќе имаат и соодветен систем за наводнување, со што ќе се овозможат соодветни услови за нивно растење.
Целта на овој 10-ти јубилеен форум е да се дадат генерални оцени за условите во кои работат македонските компании, како и сугестии за подобрувања на истите, со цел да се подобри нивната конкурентност и развој на целокупната економија.
Компанијата Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30 септември оваа година, евидентираше загуба од 19.320.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Вината од македонските винарии деновиве се промовираат на Интернационалниот саем за вино и жестоки пријалоци што се одржува во Хонг Конг.
Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на Системот за електронско известување од котирани акционерски друштва - СЕИ Нет наменета за корисници на уреди што работат на iOS платформата, осносно за сите што користат iPhone i iPad.
Компанијата Раде Кончар - Апаратна техника оствари нето добивка од 4.363.000 денари во период од први јануари до 30 септември.
Целта на оваа соработка е да се понудат комбинирани пакети од осигурителни, штедни и вложувачки производи, што ќе им овозможат на осигурениците поголема понуда и опции при избор на животно осигурување.
Групацијата Македонски телеком АД Скопје прокнижи нето добивка од 489.919.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година.
Целта на овој семинар е да се помогне извозот на производи од прехранбената индустрија (свежо овошје и зеленчук, преработки, кондиторска и смрзната храна) како сектор од посебно значење за Република Македонија.
Со вкупно 140 трансакции и учество со 23,87% во вкупниот промет, акциите на НЛБ Тутунска банка се најтргувани акции во октомври.
Резиденцијата денеска ги отвори вратите за првите корисници кои своите пензионерски денови одлучија да ги поминат во мирно и прекрасно опкружување.
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.











