Цените на угостителските услуги во јануари оваа година, во споредба со декември 2014 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најдобрите во друштво на најдобрите е мотото со кое Витаминка АД Прилеп стана новиот спонзор на клубот Вардар. Оваа компанија ќе ги поддржи фудбалскиот и ракометниот клуб, како и активностите поврзани со ракометната академија и младинските школи на фудбалскиот клуб.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе донира органска храна на детската градинка Чекорче во скопската населба Аеродром.
Пекабеско ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15%. Оваа акција ќе трае до 15 март годинава.
Македонската компанија Пелистерка се приклучи кон повиците за испраќање помош и поддршка во загрозените региони во источна Македонија, каде што изминативе денови има големо невреме и поплави.
Во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410.000 тони бакар.
Инфлацијата се појавува кога ќе дојде до општо зголемување на цените, а не на зголемување само на одреден производ или група производи.
Целта на посетата е да се разгледаат можностите за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот азиски пазар.
Македонски Телеком ја поедностави постапката за активирање на интернет услугата, со цел да го олесни пристапот до широкопојасен интернет.
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе го означи почетокот на проектот Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници.
Задолжителна листа со телевизиските програми со уредени авторски права ќе мора да содржат претплатничките договори што ќе ги склучуваат кабелските оператори со корисниците.
Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства од Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2015 - 2016 година за реализација на програма (проект), во износ од 550.000 денари, што ќе го реализираат здруженијата на потрошувачите.
Договорот со кој што се отвораат можности за соработка помеѓу двете компании, всушност значи зајакнување на позициите на двата осигурителни ентитети, а зголемување на можностите за одговарање на барањата на клиентите за секаков вид на осигурување на едно место.
Најголемата компанија за прехранбени и кондиторски производи, Витаминка ги намалува цените на дел од своите производи, како резултат на намалувањето на производствените трошоци.
Во Македонија се промовирани првите вински советници кои по спроведената обука добија сертификати за стекнатите знаења и вештини за винскиот сектор.
Телекомуникацискиот оператор Близу во својата голема пролетна промоција воведува неколку новости во своето портфолио.
Да се укине надоместот за користење геотермални води (седум денари за метар кубен) и обврските за нивно реинјектирање назад, во изворот, откако ќе бидат употребени за загревање.
Жито Маркети го отвори својот прв маркет во општина Чашка, Велес. Маркетот се наоѓа на улица 8ми Септември број 2, а се протега на површина од 100 метри квадратни.
За финансиска поддршка на огласите што е предвидено да се објават, може да се пријават сите домашни земјоделски компании кои планираат да ги продадат своите производи на странските пазари.
Сите фирми кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, до денеска имаат рок да инсталираат фискален апарат со ГПРС.
Државниот долг на Македонија на крајот на четвртиот квартал достигна 3.262,5 милиони евра, додека јавниот долг се позиционираше на 3.921,3 милиони евра.
Агенцијата за катастар на недвижности од денеска ќе може поточно да ги дефинира границите на недвижностите, особено ако премерувањата се вршат со примена на ГПС технологијата.
Бројот на работници во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупно 522 акционерски друштва се евидентирани во Македонија заклучно со 31 декември минатата година. Од нив 16 се нови, а кај 13 е евидентирана постапка на стечај.