Минатата година Македонија ја посетиле за 2,5% повеќе туристи од 2011 година.
Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.
Корисниците на Family, Family + и Family Маx отсега ќе разговараат неограничено во најголемата мрежа на T-Mobile и T-Home корисници и ќе испраќаат неограничен број на СМС во рамките на семејството.
Целта на првата кооператива за трговија со млеко Милкооп е подобро искористување на потенцијалите во примарното млекопроизводство преку здружување на фармерите.
Делегација од Прилеп, заедно со стопанска делегација од истиот регион, престојува на дводневна работна посета во Турција.
Вториот модул од Тренинг програмата за наплата на побарувањата на CEED Македонија и EOS Матрих ќе се одржи утре, среда, во просториите на CEED Македонија.
Денес во Скопје ќе бидат доделени првите електронски картички за превоз на опасни материи.
Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено. Oва денес го изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Оние граѓани кои ќе сакаат да започнат бизнис во руралните средини на Македонија ќе добијат финансиска поддршка од Владата во висина од 50% од трошоците за започнување бизнис.
Претставници од Федерацијата на фармерите на РМ ќе престојуваат на студиски престој во Унгарија каде што ќе се сретнат со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството во Унгарија.
Последните 20 години, бројките велат дека количината на домашното извезено вино постојано расте, а 2011 беше забележана како рекордна по пласманот на вино на странските пазари.
Оценката на раководителите на деловните субјекти е дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Во периодот јануари-декември минатата година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 5,345 милијарди денари, што е за 111,8% повеќе во споредба со истиот период од 2011.
Преку дискусија беше разгледуван најголемиот проблем на кој наидуваат фирмите денес, а тоа е како да си ги наплатат продадените услуги и производи. Со овој проблем најмногу се соочуваат микро и малите фирми во Македонија.
Македонија за четири пати го зголеми извозот на грозје на рускиот пазар и со тоа го зазеде 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје, се вели во бизнис порталот Росинвест.
Според неофицијаните информации три осигурителни компании доставиле понуди на тендерот на Македонски пошти, откако пожарот уништи дел од главната зграда во Скопје.
По барање на Управата за јавни приходи Основниот суд донесе решение за отворање на стечајна постапка, за керамичката индустрија Киро Ќучук од Велес, додека за стечаен управник назначен е Ацо Петров.
Џери Наумоф и Крис Павловски се новите членови на Одборот на директори на Македонија 2025, кои се избрани на редовната седница на одборот одржана на 31 јануари 2013.
Ресторанот на Винаријата Стоби близу Градско доби четири ѕвезди - највисоката категоризација што на угостителските објекти им ја доделува Kомисијата за категоризација на угостителски објекти од Министерство за Економија.
Министрите за труд и социјална политика на Македонија и на Косово, Спиро Ристовски и неговиот колега Ненад Рашиќ денеска во Приштина ќе потпишат Договор меѓу двете влади за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија.
Посебно интересни за американскиот пазар се производите од фармацевтската и прехрамбена индустрија, а министерот за економија посебен акцент пред присутните стави на промовирање на ИТ секторот.
Со поддршка на ЕУ, денеска се отвора Твининг проектот за поддршка на Министерството за финансии и јакнење на капацитетите за макроекономски анализи и формулирање на политики.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 24,2%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,4%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13,4% и немањето побарувачка со 11,9%.
Еуромакс Ресорсис Канадската компанија за истражување и развој отвори информативен центар за проектот за злато и бакар лоциран во селото Иловица, општина Босилово.