Фармацевтската компанија Алкалоид и во 2015 година ќе продолжи по курсот на развојот, ќе продолжи да инвестира во производните капацитети и во современите технологии, во човечки ресурси и во заедницата воопшто.
Во ноќните часови меѓу 27 и 28 декемви, при редовно вршење контрола, УЈП утврди неправилност кај 7 угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година изнесува 21.717 денари, додека бруто износот е 31.847 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
До крајот на следниот месец,Катастарот ќе го пушти во употреба регистарот на цени на недвижности. Во тек се финални тестирања на системот, а ќе се извршат и обуки на нотарите со цел правилно по електронски пат да се доставуваат податоците до Катастарот.
Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија, на денот на формирањето на Банката, 29 декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во седум општини во Македонија.
Цените на горивата, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска ќе се намалат за 3,50 денари.
Работното време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.
Со промоција на книгата Можеш и ти и Фондацијата Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, со рекордна продажба на 302 станови во 2014 година и извлекување на наградата автомобил Поло, беше одбележана 12-годишнината на Адора инженеринг.
Во втората половина на јануари 2015 година ќе биде објавен Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ.
ЕВН Македонија реализираше серија донации за социјално ранливите категории на деца од повеќе градови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во верските заедници.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија денеска ќе промовираат едукативни летоци наменети за потрошувачите.
ЦЕЕД Едукација (ЦЕЕД ЕДУ) е програма која го доближува претприемачкиот дух до децата и младите преку пренесување, доживување и практикување успешни приказни од светот на бизнисот.
Технолошката компанија Макстил од средината на следниот месец, поточно од 12 до 15 јануари, ќе го стави во функција системот за отпрашување и ќе го започне производството во Челичарницата.
Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 5,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со отворање на Beauty Lounge центарот Prive, пристигна и револуционерниот Зерона ласер во Македонија.
Економската состојба во ноември оваа година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на истиот период лани, покажуваат оценките на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија.
Покажете, не зборувајте. Наједноставната и најмоќната работа што мора да ја научите во маркетингот, велат експертите најавувајќи ги трендовите за 2015 година.
Со овој договор Пакомак се обврзува да вложи 4 милиони денари во општина Штип, а исто толку сопствени средства за оваа намена ќе вложи и општината.
Сите даночни одделенија на Управата за јавни приходи (УЈП) во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија, од први јануари, ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и во сабота до 14 часот.
Оглас за обуки за туристички водичи и придружници, како и за обезбедување, е во тек во Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ).
Поголемиот дел од кредитите се за период од една и повеќе години, така што мора да се води сметка и за тоа дали и во иднина ќе имате на располагање доволно приходи за да ја исплаќате месечната рата. Во спротивно ќе се соочите со пенали.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува: 677.413 МWh електрична енергија, 7.213 мил. nm3, природен гас, 522.040 тони јаглен и 83.138 тони нафтени продукти.
Оваа ќерка компанија остварува соработка со околу 20 недомицилни компании и застапува и дистрибуира околу 1.000 фармацевтски производи.
Мултимедијалната публикација Модна индустрија - технологија и креативност ќе биде промовирана денеска во Штип од страна на текстилно трговското здружение - Текстилен кластер.