Македонија

Во општина Штип започна постапката за формирање на ново јавно претпријатие за гасификација на градот и индустриската зона.
На денешната седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се донесе заклучок дека ССМ ги подржува барањата на вработените во ОХИС.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија воведуваат нов, заеднички број за кориснички услуги. Отсега, бројот за приватни корисници за двете компании е 122, а за поддршка на бизнис корисниците 120.
Во рамките на манифестацијата Претприемач на годината, Сојузот на стопански комори на Македонија денес ќе ги избере најдобрите претприемачи во земјава.
Македонскиот лидер за извоз на софтверски услуги Seavus, успешно стартуваше со работа во Белград, каде се позиционираше со својата подружница пред 2 месеци.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде одржан Форум на тема Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација и заеднички настап на трети пазари.
Топлификација вчера информираше дека до денес ќе ги исплати долговите кон Макпетрол за испорачаните енергенси до 30 ноември, ќе бидат исплатени.
Македонски Микросам е вест во руските медиуми по производството на машина што ќе се користи во создавање на карбонски авио делови опашен дел од МС-21 или авионот на 21 век.
Т-Мобиле Македонија подготви празнично изненадување за своите корисници. На 14.12.2012 година го носи новиот iPhone 5 на македонскиот пазар.
Во Македонија вчера е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија во декември. Според информациите од ЕВН - Македонија потрошени се 23,97 милиони киловат часови електрична енергија.
По направените лабораториски анализи на земените мостри од пченкарно брашно увезено од Србија, во неколку примероци е утврдено присуство на афлатоксин над дозволеното, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од Управата за јавни приходи јавуваат дека комапниите кои имаат законска обврска од први јануари да поднесуваат даночни пријави до УЈП по електронски пат, бавно се приспособуваат на новините во даночното работење.
Пазарџите од скопски Бит Пазар денес изглегуваат на протест кај клучката Бит Пазар, поради неможноста да се справат со проблемите настанати во тековното работење.
Компанија регистрирана во Македонија ќе врши надзор и управување со финализирањето на дизајнот и инсталација на постројка за преработка на олово и цинк во Замбија, од страна на Berkeley Mineral Resources Plc .
Со Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, Факултетот за земјоделски науки и храна денеска и утре ќе го одбележи своето 65 годишно постоење.
Макпетрол повторно се закани дека ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас за Топлификација, доколку не биде подмирен нивниот долг кој изнесува 191,5 милиони денари.
Со овој начин на рекламирање секој клиент ќе знае точно колку неговата реклама ќе има ефект. Односно секој оној што ќе одлучи да се рекламира на Македонската телевизија ќе има точна сегментација на популација што го гледа и каде ќе има најголем ефект од неговата реклама.
Tема на состанок на Националниот совет за претприемништво и конкуретност, што се одржа денес, беше Иновациите и областите од индексот за глобална конкуретност.
Прагот на апсорбирање средства од програмата ИПАРД е зголемен од 400.000 евра на 1,5 милиони за земјоделците и од 800.000 евра на 2,3 милиони за земјоделските стопанства.
Конкурсот „Партнер за иновации” е отворен за сите оние кои поседуваат креативност во себе, имаат иновативна идеја која сакаат да ја преточат во реалност со доставување на предлог проект.
Макфакс независната новинска агенција, ја лансираше својата прва мобилна апликација за iPhone и iPad, која е целосно оптимизирана за последните модели на овие уреди.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денес ќе ја промовира новата електронска продавница Резервирај ме www.rezervirajme.com, која ќе биде наменета за алтернативен туризам во Република Македонија.
Почнувајќи од денес па се до сабота, Скопскиот саем ќе биде местото каде што ќе се одржува Винскиот фестивал 2012. На четиридневниот фестивал посетителите ќе можат да дегустираат различни видови вино од македонските визби, и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите производители во земјава.
Охридска Банка, Граве Осигурување и Сожелајф од Бугарија понудија нов прозвод на македонскиот пазар - кредитно животно осигурување. Како што беше посочено на денешната промоција, придобивки од ова осигурување што ќе се дистрибуира преку Охридска банка, ќе имаат и граѓаните.