Роберт Хот, генерален менаџер на Хот и Хот КГ е новиот претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК).
Најголемо учество во бруто домашниот производ на Македонија во 2012 година има Скопскиот регион со 42,8%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,5.
Овој настан е замислен како двонасочна комуникација - пораките и ставовите на индивидуите ќе бидат снимени од РСС и преку оваа институција ќе бидат претставени до нивните Влади.
Корисниците на Вип, кои од денеска до 31 јануари 2015 ќе склучат нов или ќе го обноват својот постпејд претплатнички договор на 24 месеци, нема да плаќаат ниту месечни претплати ниту, пак, рати за посакуваниот паметен телефон се до април 2015 година.
Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година како непроменета во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на истиот период лани.
Пити, колачи, компоти беа на трпезата на хуманитарниот базар Есента дарува - хуманоста царува, приготвени од родители и деца од градинката Снежана во скопската населба Чаир.
Целта на проектот е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.
Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе одржи Годишно собрание.
По повод 150 годишнината на Сосиете Женерал Групацијата, Охридска банка организира наградна игра за сите корисници на MasterCard платежни картички.
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска се одбележа ЕУ Недела за помалку отпад, која трае од 22 до 30 ноември и претставува главен настан во Европа за подигнување свест и едукација на темата управување со отпад.
За време на настанот преку видео проекција беа презентирани дел од позначајните активности на банката реализирани во изминатите години, а беа презентирани и резултатите од проектот Подари насмевка.
Бруто домашното производство на електрична енергија во септември оваа година учествува со 66,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Вип оператор го најави отворањето на реновираниот продажен салон во ГТЦ со концепт проблизок до корисниците, кое ќе се случува оваа среда, 26 ноември 2014 година.
Народната банка ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Стрелец и Јарец од серијата Хороскопски знаци.
Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Свети Николе ќе одржат средба со членови на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.
Лидерот во бизнис класата е веќе достапен за македонските возачи, а претставниците на Порше Македонија се сигурни дека совршениот нов Volkswagen Passat ќе биде успешен најмалку како и неговите претходници.
На 23 ноември, 2014 година ненадејно почина нашиот долгогодишен соработник, колега, ментор, пријател и голем човек, Оливер Костуранов.
Акционерското друштво Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на акумулираните добиви остварени до 31.12.2013 година и резервите настанати пред 2009 година.
Проектот е - Engagement опфати пет градови низ Македонија, а учество земаа над 200 млади луѓе.
Жито отвори нов маркет во скопската населба Тафталиџе, со површина од 240 м2, со тим од 11 вработени и со две наплатни каси. Овој супермаркет на своите потрошувачи ќе им овозможи врвна услуга и широк асортиман на производи по прифатливи цени.
Триглав Осигурување Скопје обезбеди поголема бруто полисирана премија споредено со истиот период минатата година.
По успешното Бета тестирање, МаркО од денеска е достапен за сите корисници и љубители на Андроид паметните телефони и Андроид паметните часовници, бесплатно.
По воведувањето на апликацијата Мојот Вип за корисниците на Андроид паметните телефони, Вип ја претстави мобилната верзија за корисниците на паметни телефони со iOS оперативен систем, како и надградената веб услуга Мојот Вип.
Република Македонија има најниска даночна стапка во светот, покажува извештајот Paying taxes 2015. Со стапка од 7,4% таа се најде на 7-то место од вкупно 189 земји опфатени во извештајот.