Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јануари 2013 година во однос на истиот месец лани е помало за 1,3%.
Македонија 2025 ќе биде домаќин на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија, кој ќе се одржува од 3-ти до 6-ти октомври во Охрид.
Во јануари годинава од Македонија извезени се производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезена е стока со вредност од 497.227.000 долари.
По сумирањето на финансиските резултати од деловната 2012, како и од почетокот на оваа година, осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп, соопшти дека продолжува со одлични резултати, остварувајќи континуиран и стабилен раст од квартал во квартал.
НЛБ Тутунска банка на пазарот воведе мобилно банкарство.
Мобилниот оператор One од вчера повторно промотивно воведе половина месечна претплата во мобилниот пост-пејд резидентен сегмент, цели 24 месеци.
До Управата за јавни приходи, годишна даночна пријава досега доставиле 30.933 лица. Рокот за пријавување истекува на 15-ти март и се очекува бројка од 200.000 граѓани да ги пријават дополнителните приходи.
На десеттото издание на на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација, што ќе се одржува од утре до 9 март на Скопскиот саем, ќе се претставата над 300 компании со разновидна програма од градежништвото.
На панел дискусијата Подготовка на компанијата за раст и развој, со учесниците во Top Class програмата на CEED Македонија своите искуства ги разменија Илијанчо Гаговски, поранешен генерален менаџер на Мајкрософт за Македонија, Робин Зимбаков, основач, директор и косопственик на Солопром и Михајло Костовски, сопственик на Енерго Систем.
Во селото Слепче во Демир Хисар, викендов беше отворена фабрика за производство на балетски обувки и опрема од страна на руски инвеститори.
Организацијата Македонија 2025 во соработка со Schulich School of Business од Канада оваа година ќе им овозможи на шест македонски менаџери да посетат курсеви во Schulich Executive Education Center и истовремено да остварат работни посети во канадски компании.
Оваа годишница сметаме дека е заедничка и заедно сакаме да ја прославиме организирајќи Големата Наградна игра, наградувајќи ги најсреќните купувачи со Автомобил Renault Twingo и со уште 100 други вредни награди.
Премиерот Никола Груевски изјави дека долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции е целосно вратен.
Жирито на официјалниот избор на автомобил на годината во Р. Македонија го прогласи Mitsubishi Outlander за SUV на 2013 година.
По последните информации од Република Србија поврзани со најавата за зголемување на максимално дозволеното ниво на афлатоксинот М1 во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми на килограм, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија одлучи кај нас да остане максимално дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска во Торонто ќе учествува на форумот за деловна соработка и зголемување на инвестициите, каде ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Република Македонија.
Според финансиските извештаи кои беа објавени на Македонска берза, Жито Лукс забележа загуба во своето работење за 2012 година.
Од денес парното ќе поефтини, и тоа 14,24% за оние граѓани во Скопје што се греат преку Балкан енерџи груп и за 13,45% за оние што со греење се снабдуваат од топланата Скопје север.
Vip вчера објави дека во 2012 година ги забележал најдобрите резултати до сега. Имено, мобилниот оператор ги зголемил приходите за 13%, а корисничката база на 632.000 корисници, со што достигнал пазарен удел од 27,3%.
Прилепската пиварница инвестираше 7,5 милиони евра во нова линија за полнење пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа, што претставува најголема инвестиција на оваа компанија во една година.
Виена Иншуренс Груп доби дозвола да ги откупи сите акции од Друштвото за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија.
Министерот за економија Ваљон Сарачини и евроамбасадорот Аиво Орав денес ќе се обратат на завршниот настан организиран од тимот за Поддршка на мали бизниси при Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Во организација на тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Република Македонија успешно ги претстави туристичките потенцијали и можности и на саемот за туризам во Белград.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2012 година изнесувала 31.466 денари и била за 0,4% поголема во споредба со декември 2011 година. Износот, пак на нето платата бил 21.469 денари.