На престижниот меѓународен натпревар во Пекињон, Франција, што се одржа на 24 јануари годинава, виното Grenache Blanc на винарската визба Тиквеш од Кавадарци доби златен медал, додека виното Бела Вода се закити со два сребрени медалa.
Со финансиска поддршка од милион евра, преку низа програми за кои ќе можат да аплицираат невработени лица, Владата на Република Македонија ќе поддржи отворање на 2.000 работни места.
Со отворањето на бесплатната анонимна телефонска линија 0800-50030, граѓаните од денес ќе можат да пријават мито и корупција во рамките на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ планира во најстрогиот центар на Белград да отвори хотел од висока категорија, пишува на интернет страната на Канцеларијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски вчера одржа работна средба со земјоделците од охридските села Горно и Долно Лакочереј и Мешеишта.
Според НБРМ најновата проекција за растот на македонската економија годинава е 2,2%.
На дводневната конференција за развој на социјалното претпремништво, учесниците разговараа на теми како да се мотивира и забрза развојот на таквиот тип претприемништво во Македонија.
Од сега граѓаните ќе можат да поднесат приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за услугите од операторите и по електронски пат на веб страницата www.komuniciraj.mk.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски информираше дека повеќе од 10.000 невработени лица, за еден месец, се пререгистрирале во Агенцијата за вработување, согласно новите законски одредби.
Конкурсот за овогодинешните стипендии кои ќе се доделат за обука и стажирање во Ѕteiermaerkische Sparkasse, во австрискиот град Грац за 2013/14 година, ќе биде објавен денес на Економски факултет Скопје во Амфитеатар 2, со почеток во 12 часот.
Во ноември минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 20.857 денари и во однос на истиот месец лани таа е зголемена за 0,1%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Според податоците на државниот завод за статистика индустриското производство во декември минатата година, во однос на декември 2011, е намалено за 8%.
Две игри на македонската компанија Sеavus си обезбедија место во десетте најдобри мобилни и on line игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри, на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver.
Вчера во населбата Илинден свечено беше отворена нова филијала на Halkbank, во присуство на главниот извршен директор на банката, Неџдет Палакчи и градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски.
Денес на Попова Шапка телекомуникацискиот оператор Оne го најави стартот на вториот Инстаграм фото конкурс, во присуство на претставници на медиумите и десетина корисници на популарната мобилна апликација.
Според последните податоци на Управата за јавни приходи новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави помина успешно.
Здружението на жени кои функционираат во рамките на компанијата ОКТА, во соработка со Црвениот крст на Скопје, поттикнаа хуманитарна акција.
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска денес ќе ја промовира новата електронска продавница Се за жена www.sezazena.com.
Катар Холдинг е заинтересирана за инвестирање во ски центарот Попова Шапка и за изградба на голем спа комплекс преку добивање на концесија за термоминерална вода.
Повикот на ЕК трае до 8 мај 2013, а комората веќе спроведува информативни денови и обуки за процедурите за аплицирање и за подготовка на проекти. Досега интерес пројавиле над 70 домашни компании.
На последната седница на Комисијата за хартии од вредност Комерцијална банка доби согласност да стекне акции во Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, чиј вкупен кумулативен износ надминува 50%.
Oд 24 до 27 овој месец во Истанбул, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беа претставени туристичките потенцијали и можности со кои располага Македонија.
Дирекцијата за заштита на личните податоци денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на податоците под мотото Час по приватност.
Со оваа инвестиција вредна 100 милиони евра, се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава меѓу кои Штип, Свети Николе, Лозово, Карбинци, Кратово и Пробиштип.