недела, 17 јануари, 2021

Новости

Се повеќе аукции се одржуваат во Хрватска поради неплаќање на кредитите. Најмногу се продаваат станови, куќи, ниви, деловен простор.
Создавањето на банкарска унија е од суштинско значење за опстанокот на еврозоната, освен ако брзо не се случи комплетен фискален и политички сојуз, но тоа е малку веројатно, смета главниот економист на Уникредит, Ерик Нилсен.
Мика Лис е новиот главен оперативен директор на меѓународната компанија Станга АД, која нуди софтверски и телекомуникациски услуги со брендот StangaOne1.
Откако пред две недели во Плевен беше отворен втор продавница во градот од синџирот Лидл Бугарија, деновиве и жителите на Велико Трново ќе можат да купуваат од два објекта.
АФЦ е консултанска компанија која е е дел од АФ групацијата, основата во 1895 година во Шведска. Ги опфаќа областите од енергетика, индустрија, технологија и инфраструктура. Само во делот на енергетиката има над 1000 вработени, врвни експерти.
Долгоочекуваниот трговски центар Скопје Сити Мол свечено ги отвора вратите за своите посетители на 4 октомври 2012 г. Во текот на неколкуте дена по свеченото отвoрање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители.
Новото глобално истражување за конкурентност на Светскиот економски форум покажа дека неколку држави од регионот ги подобрија своите рејтинзи.
Претприемништвото во малите претпријатија доживува експанзија во некои делови од регионов.
Во 2011 во споредба со 2010 година најголем раст во бројот на завршени станови има во Полошкиот статистички регион и во Југозападниот регион.
Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ИТГА) на 14-ти септември 2012 година организира форум на тема ориентален тутун.
АД Електрани на Македонија се стекна со сертификат ISO 14001:2004.
Вип оператор во соработка со Самсунг, Еферио и ПСМ Фондација, го отворија новиот Предизвик за програмерите за создавање на нови иновативни апликации.
Британскиот производител на оружје БАЕ системс и европската авиоиндустрија ЕАДС преговараат за можно спојување, што би можело да доведе до основање на глобален лидер во областа на воздухопловството, одбраната и безбедноста.
Во земјава во првите осум месеци од годинава се отвориле 6.000 нови фирми, а се затвориле 4.000 фирми.
Зголеменото ДДВ нема да ги зголеми цените, уверуваат властите во Србија
Во Белене над 80% бил завршен атомски реактор, кој наместо да биде довршен целосно и да носи приходи, бил демонтиран и продаден на Русија, на хартија за 200 милиони евра, но досега се добиени 78 милиони евра, велат економски експерти во Бугарија.
Зголемен е бројот на туристи во Бугарија поради ниските цени во септември што ги нудат агенциите и хотелите. Новите цени го прават морето достапно и за луѓето со пониски доходи.
Фирми се почесто сакаат да им се плаќа во аванс или да ги добиваат парите веднаш откако ќе ја испорачаат стоката. Плаќање на одложено никој не го прифаќа, велат бизнимените во Бугарија. Главната причина за тоа е недостатокот на доверба поради кризата.
Влезот на Хрватска во еврозоната ќе донесе повеќе корист отколку штета, смета гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујучиќ.
Во првите десет земји најдобри плаќачи меѓу компаниите на сметките и другите обврски во дадениот рок во текот на месецот се Романците.
Нема да се зголемува данокот на додадена вредност како што тоа го направија другите држави, дециден е првиот финансиер Зоран Ставрески.
Новиот инструмент задолжница не може да им помогне на фирмите со блокирани сметки, но министерот Ставрески најави дека многу скоро ќе излезат со решение како да се исчисти базата на податоци од фирмите кои не работат со години, а само фигурираат во регистарот.
Почна да функционира новиот инструмент задолжница. Во изминативе десетина дена издадени се две задолжници во вредност од 24 милиони денари или 390 илјади евра. Ова вчера го објавија министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски.
Mинистерот за финансии Зоран Ставрески ја расчисти дилемата дека всушност тутунарите можат мирно да спијат, бидејќи земјава нема да се придржува до препораките.