Новости

ЕОЅ група ја презеде компанијата SAF Forderungsmanagement, компанија на Дојче Телеком за управување со побарувања. Со преземањето на SAF, ЕОЅ група станува лидер во наплата на побарувања во телекомуникацискиот сектор.
Турски и меѓународни компании кои работат во индустриската зона Кочаели, во Турција, ќе ја посетат Македонија, со цел да ги запознаат условите за инвестирање во државава.
Од јавните претпријатија поради програмите за реструктуирање, до средината на следната година ќе си заминат 10.000 луѓе. Предводник во отпуштање е Хрватски железници (ХЖ), потоа следуваат Хрватски автопатишта (ХАЦ), Кроација ерлајнс, Хрватска пошта...
Во организација на Стопанската комора на Македонија и Бордот за надворешни економски односи на Турција, денес во просториите на Комората ќе се одржи форум за унапредување и промовирање на економската соработка со Грузија, Азербејџан, Ирак, Иран, Кувајт.
Шведската Агенција за храна откри присуство на значителна количина свинско месо во говедска салама со халал сертификат од Словенија. Словенечките медиуми наведуваат дека станува збор за говедски кулен на произведувачот Кошаки ТМИ од Марибор.
Во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денес ќе бидат промовирани три софтверски решенија за подобрување на домашната економија преку обезбедување на полесен пристап до информации за бизнис секторот.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5%.
Американската компанија Боинг планира да инвестира преку една милијарда долари во проширување на погонот во Јужна Каролина, каде што се произведува моделот 787 Дримлајнер.
Брашното во Македонија е потполно исправно. Постојано се прават детални анализи на увезените количини пратки.
Граѓаните на Србија од денес можат да отвораат налози на најголемиот онлајн сервис за праќање пари и плаќање преку Интернет, PayPal, јавува Танјуг.
Во општина Илинден ќе никне нов откупно-дистрибутивен центар, кој ќе биде лоциран во индустриската зона на општината
Американскиот Колеџ во Солун (ACT) нуди образовна можност преку доделување на целосни стипендии за школарина на 5 студенти кои сакаат да студираат во Солун, Грција.
Фолксваген, кој планира да инвестира во фабрика за производство на нови лесни комерцијални возила во Европа, не може да се определи меѓу Турција и Полска, изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан.
Виена Иншуренс Груп официјално се издигна на водечката позиција на македонскиот осигурителен пазар.
Наскоро започнува собирањето на понуди за приватизација на Кроација осигурување и Хрватска поштенска банка (ХПБ), најави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ.
Организацијата Македонија 2025 организираше студентска посета на Технолошко индустриско развојните зони и Џонсон Мети.
Од Агенцијата за финансиска поддршка на зејмоделството и руралниот развој соопштуваат дека во тек е поднесувањето на барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко.
Телекомуникацискиот оператор Оne од денес воведува нова понуда за пензионери, телевизија и фиксна линија за само 348 денари месечно, односно 149 денари во првите три месеци од двегодишниот договор.
Последните пет – шест години, Русите предводат на листата странски сопственици на недвижен имот во Црна Гора и тоа со портфолио од околу 150.000 станбено – деловни квадрати и преку 300 хектари земјиште.
По примерот на Facebook и Twitter, социјалната мрежа LinkedIn одлучи да воведе опција “тагнување”.
Менаџментот на компанијата открива дека до крајот на оваа година ќе се отворат уште две канцеларии во Европа, согласно зацртаните развојни планови.
Во Мулти бизнис центарот на Скопски саем, денес ќе биде потпишан меморандумот за соработка меѓу Македонско-израелскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Австриската министерка за финансии Мариа Фектер безуспешно се обидуваше во Брисел да ја убеди Европската комисија да и даде повеќе време на Хипо Алпе Адриа банка за продажба на ограноците во југоисточна Европа.
Министерството за финансии вчера исплати 71 милиони денари на 3117 земјоделци за одржување на овошни и лозови насади и производство на градинарски култури