Новости

Телеком Словенија доби 3,2 милиони евра од европските фондови за проектот eBadge, чија цел е воспоставување меѓународна паметна електроенергетска мрежа, Смарт грид, со акцент на услугите понуда и побарувачка.
Австриската Hypo bank не очекува нејзината мрежа на Балканот да ја купи друга австриска банка, туку тоа да го направат меѓународни инвеститори.
Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер се закани со ставање на вето на буџетот на ЕУ, доколку на некои земји им биде дозволено помалку да уплаѓаат и ако бидат намалени дотациите за руралниот развој.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе ја отвори петтата по ред „Глобална недела на претприемништвото и бизнис вмрежување“ во Македонија.
Инстаграм апликацијата која беше наменета за обработување и споделување фотографии само за корисниците на мобилни телефони, сега ќе добие своја веб верзија и профили што ќе бидат достапни преку интернет.
Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2013 година, кој предвидува нови намалувања на платите и на пензиите, зголемување на даноците и мерки за полесно отпуштање на работниците, и покрај силното противење на јавноста.
Телекомуникацискиот оператор blizoo во саботата ја прослави првата година од работењето на македонскиот пазар. Првиот роденден, истовремено со низа настани беше одбележан во трите продажни салони низ Скопје.
Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s објави предупредување за можната негативна промена на кредитниот рејтинг на Република Словенија, а како директна последица на ова, за можната негативна промена и на кредитниот рејтинг на групацијата Триглав.
Европската унија и десет земји од Латинска Америка потпишаа договор кој означува крај на таканаречената “војна за банани”. Тоа беше меѓународен спор што се однесува на тарифите за тргување со ова јужно овошје.
Почнувајќи од 1 јануари 2013 година, превозот на стока помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина ќе биде целосно либерализиран.
Претседателот на Хрватското здружение на синдикати, Озрен Матијешевиќ оцени дека хрватската индустрија умира во агонија и дека, доколку политиката не превземе иницијатива и одговорност во управување со општото добро, извесна е нејзината смрт
Буџетскиот дефицит на Франција на крајот на септември е намален на 85 милијарди евра, од ланските 92,7 милијарди евра, соопшти француското министерство за буџет.
Министерството за финансии на Црна Гора соопшти дека не е предвидено зголемување на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) во нацрт законот за буџетот за следната година.
MasterCard лансира картичка со LCD екран со која набрзо ќе можеме да ја проверуваме состојбата на својата сметка и да правиме трансакции користејќи ги само кредитните картички.
Поради реструктуирањето во работењето и се послабите резултати и очекувања, Central European Media Enterprises (CME) до крајот на годината ќе ги продаде своите удели во хрватската национална телевизија Нова ТВ и во словенечката ПОП ТВ.
Месечната продажба во рестораните на Мекдоналдс рестораните ширум светот падна за 1,8% во октомври, за прв пат од 2003 година до сега.
Отворена е нова експозитура на НЛБ Тутунска банка, овој пат на ул. Сарај бб. чија одговорност ќе биде сегментот население и правните субјекти.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Светска банка (СБ) и Европска инвестициска банка (ЕИБ) најавија 30 милијарди евра помош за опстанок на економијата и раст во средна и југоисточна Европа, во контекст на продолжената криза во еврозоната.
Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека во следните години постепено во оптек ќе пушта нова серија на банкноти во евра. Ќе почне во мај 2013 година, со новата банкнота од пет евра.
Акциите на градежната компанинија Бетон кои пораснаа над 11%, бележат најголем скок на Македонската Берза за изминатиот месец. Од друга страна пак, најголемиот губитник за месец октомври е Стопанска Банка Битола, чии што акции паднале за дури 29%.
Најмоќниот суперкомпјутер беше претставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси, на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ).
Француската банка Societe Generale соопшти дека во третиот квартал забележала пад на нето профитот од дури 86,3%, на 85 милиони евра.
Микрософт реши дека е време да му каже збогум на Месинџер, но не и на неговите 100 милиони корисници. Скајп сега станува главен сервис за виртуелна комуникација ќе ги превземе корисниците на Месинџер.
Финската текстилна компанија Lindström наскоро во близина на Загреб ќе отвори сервисен центар за наем на висококвалитетна работна облека, која пред се ќе биде наменета за деловните клиенти.