Новости

Канадската компанија Avala Resources, која истражува минерални наоѓалишта во источна Србија, на планината Црн Врв, на истражното поле Коркан, открила нови рудни залихи од кои, по преработката, може да се добие 30 тони злато
Земјите од Западен Балкан годинава се соочуваат со нова рецесија, при што најголем пад на економијата од 2,5% се очекува во Србија, а опоравувањето во 2013 година ќе биде многу споро, предупреди Светска банка.
Грчката влада ги усвои пакет мерките за штедење во висина од 13,5 милијарди евра. Овие мерки на штедење се однесуваат на зголемување на даноци, ограничување на потрошувачката и структурни реформи.
Еден од највисоко рангираните бизнис школи во светот HULT International Business School по трет пат ќе ги претстави можностите за стипендии на македонските менаџери и лидери на саемот „Стипендии Експо 2012“, што ќе се одржи на 16 и 17 ноември (петок и во сабота) во Универзитетската библиотека Светки Климент Охридски во Скопје.
Владата на Латвија утврди предлог закон за воведување на еврото од 1 јануари 2014 година како официјално средство за плаќање, наместо националната валута лат.
Властите на Република Српска ќе побараат од Хрватска да им ги врати недвижнините, главно одморалишта во сопственост на претпријатија од овој ентитет пред распадот на Југославија, а потоа ќе ги продадат, изјави јавниот правобранител на РС, Слободан Радуљ.
Институтот за здравствена наука на Nestlé (Nestlé Institute of Health Sciences) официјално е отворен со церемонија одржана во новата зграда во Лозана, Швајцарија.
Британската банкарска групација HSBC во последните две години отпушти скоро 30.000 работници, а ќе се делат уште откази.
На Скопски саем денеска почнува 62. Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012. Ќе учествуваат компании од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Грција и Словенија
Новата српска национална авиокомпанија ќе започне со работа во март следната година, со летен ред на летање. Тогаш ќе стигнат четири ербаса 319, коишто државата ќе ги земе на лизинг. Во есен ќе стигнат уште четири ATR 72-500, исто така на лизинг, пишува Новости.
Јапонскиот произведувач на автомобили Сузуки соопшти дека ќе престане да врши дистрибуција за САД и дека ќе го напушти овој пазар.
Барак Обама го победи Мит Ромни во трката за претседател на САД и доби втор мандат. Границата од 270 гласови потребни за победа на изборите, Обама ја премина со победата во Охајо.
Европската комисија се подготвува да објави песимистични прогнози за шпанскиот економски раст во периодот до 2014 година, пишуваат шпанските медиуми.
Корушка Хипо Алпе Адриа Банк објави, во рамките на мерките за спас, одлука за продажба на своите банки во пет земји од југоисточна Европа, кои од сега официјално се на пазарот, јавува австриската новинска агенција АПА.
По спроведената анализа на продажбата и профитабилноста на производното портфолио по пазарите, управата на хрватската прехранбена компанија Подравка донесе одлука за понатамошно редуцирање на околу 660 производи.
Европскиот суд за човекови права пресуди дека Република Словенија е одговорна за поврат на старите девизни заштеди на штедачите на Љубљанска банка надвор од Република Словенија, а Република Србија е одговорна за поврат на парите на штедачите на Инвест банка надвор од границите на Република Србија
Германскиот произведувач на луксузни автомобили BMW извести дека нето добивката во третиот квартал пораснала за неочекувани 16%, на 1,29 милијарди евра, и покрај тешките услови на пазарот.
Италијанското правосудство вчера го деблокира либискиот имот вреден преку една милијарда евра кој беше замрзнат од минатиот март, јавуваат италијанските агенции повикувајќи се на либиски челник.
Извозниот успех на бројни германски претпријатија е незамислив без азиските земји. Но, вкупниот трговски биланс на Германија со тој регион е негативен.
Под покровителство на шведската влада и заводот за вработување, шведскиот град Содерхамн почна да им плаќа на младите невработени жители да се иселат од градот во соседна Норвешка и таму да се обидат да најдат работа.
Романскиот премиер Виктор Понта го стави под знак прашалник воведувањето на еврото во Романија во 2015 година, што досега беше официјален став на владата.
Во следните четири месеци Словенија ќе мора да обезбеди скоро 110 милиони евра за да ја отплати главнината на обврзниците.
Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во забрзан раст, разговараа за решенија за неуморната должничка криза во Европа.
На северот на Кина е откриено досега најголемото наоѓалиште на ураниум во земјата, соопшти кинеското министерство за природни ресурси.