Проценетата вредност на инвестициите за сите 317 локации е околу 500 милиони евра, од кои 300 милиони ќе бидат во неразвиените општини.
McDonald's рестораните во Македонија се привремено затворени, како последица на околности кои се надвор од контрола и од СЈ Компани било побарано да ја запрат работата на McDonalds's рестораните на територијата на Македонија, од вторник 14-ти мај 2013 година.
Стопанска банка АД - Скопје ја збогати својата понуда на промотивни каматни стапки од 8% годишно за кредитна линија - револвинг и инвестициски кредити во МКД валута за кредитирање на микро и мали компании.
Компјутерите во Меѓународната вселенска станица, наместо Windows XP наскоро ќе почнат да го користат Linux оперативниот систем, во обид да се подобри нивната стабилност.
На повеќе од 11.000 повеќедетни, згрижувачки и семејства со самохрани родители ќе им бидат обезбедени пакети со облека преку центрите за социјална работа, информираше на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
New Way Limited, истакната компанија за недвижности која работи на македонскиот пазар, е избрана за членка на организацијата на водечки компании за недвижности во светот или Leading Real Estate Companies of the World®во Чикаго.
Жителите на Општина Илинден пројавиле масовен интерес за поволностите што ги понуди Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кој за само едно евро за метар квадратен можат да ги легализираат дивоградбите.
Љубителите на HTC уредите кои сакаат да го имаат последниот т.н. револуционерен модел во светот на паметните телефони HTC One, од денес можат да го најдат само во Телеком продавниците насекаде низ Македонија.
Вработените во турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс денеска стапија во штрајк поради спорот со управата околу колективниот договор. Според информации од компанијата, засега нема пореметување во авиосообраќајот.
Европската комисија покрена истрага за работењето на неколку големи нафтени компании поради сомневање дека заедно ги договарале цените на пазарот повеќе од една декада. Меѓу компаниите против кои се води истрага се BP, Royal Dutch Shell, Platts и Statoil.
Преку државни записи на нето-основа Министерството за финансии ќе врати 1,215 милијарда денари (20 милиони евра) во стопанството.
Комисијата ги разгледува следните можни четири сценарија за иднината на евроцентите: статус кво, намалување на трошоците за нивна изработка, брзо повлекување, постепено повлекување.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата распишува јавен оглас за ангажирање на повеќе од 80 лица на високи државни раководни позиции и функции, кои се испразнети или пред испразнување.
АД ЕЛЕМ ќе стипендира студенти и постдипломци од областа на машинството, енергетиката, екологијата и хидрауличното инженерство. Стипендистите воедно ќе можат да добијат практични искуства преку нивно ангажирање и работење во ЕЛЕМ.
Со исплатата на последните 421 милиони долари, од вкупно позајмените 23,5 милијарди долари, Турција ќе биде без долгови кон ММФ за прв пат во последните 19 години.
Што би го мотивирало гигантот Exxon Mobil Corporation, најголемиот преработувач на нафта во светот, корпорација која годишно има приход од 500 милијарди долари и преку 70 милијарди барели нафта во резерва, да дојде и да работи во Хрватска?
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје денес соопшти дека заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд, со кој управува компанијата, го надминаа износот од 200 милиони евра.
Во првите четири месеци од годинава приходите по основ од царини во Буџетот се за 10% повисоки од планираното и оствареното во минатата година, изјави директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.
Американскиот производител на софтвер Oracle ќе инвестира околу 100 милиони евра во Романија, соопшти министерот за инфраструктурни проекти, Дан Шова, пренесуваат агенциите.
Оne донесе одлука да ги намали цените за дигитално емитување на програмските сервиси, како за националните, така и за регионалните телевизии.
Иницијативата се фокусира на собирање на даноци од разни странски интернет страници кои имаат значителен приход од онлајн рекламирање, како што се Фејсбук и Твитер.
Бројот на туристите во март 2013 година во Македонија изнесувал 34.495, што е за 7,5% повеќе во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
PZU за ширење во средна и источна Европа има на располагање две милијарди евра капитал.
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 1,2% на годишно ниво.