Американскиот Сенат би можел следниот месец да го усвои новиот данок на онлајн трговија од кој се очекува годишно да се соберат 23 милијарди долари.
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски вчера ја промовираше новата електронска продавница Нико Фон.
Компаниите SBB, Телемах Словенија и БиХ, Тотал ТВ и уште 15 помали компании во сопственост на МиД Европа партнерс, ја формираа United Group, групација на водечки пеј - ТВ оператори во југоисточна Европа.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ја отвори 6-тата Годишна конференција Правата од интелектуална сопственост: Заштита и едукација во Македонија, организирана од страна на Американската стопанска комора во Република Македонија.
Сите резидентни и бизнис корисници кои од 25 април ќе активираат нова услуга, но и постоечки корисници кои ќе обноват договор на 24 месеци ќе ја искористат актуелната промоција 3 месеци без претплата.
Со мотори кои се во тркалата, компонентите кои се потребни за возење, забавување и технологиите за помош на возачот се инсталирани во интегриран погон на осовина на тркалото - вклучувајќи и електричен мотор, системи за кочење и ладење.
Канцеларијата ќе има улога да им помогне на сите заинтересирани бизнисмени кои сакаат да инвестираат во кичевскиот регион, полесно да ги искористат владините мерки за поддршка на бизнисот.
Нето добивката на Банката за 2012 година изнесува 8,1 милиони евра, повратот на капиталот РОЕ е 10,1%, билансната актива е 968 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,6%, со што Банката повторно оствари подобри резултати од просекот на македонскиот банкарски сектор.
Швајцарската влада одлучи да издава работни дозволи за државјаните на сите земји членки на Европската унија. Оваа мерка веќе е воведена за државјаните на осум земји од централна и источна Европа.
На натпреварот за најполица 2013, односно за Најдобри мерчендајзери во Македонија за 2013 година беа избрани Крашкомерц.
Банкарскиот сектор во Србија во 2012 година работел со добивка од 75,7 милиони евра, соопшти Агенцијата за стопански регистри. Позитивно работеле 22 банки, а 10 имале загуби.
Во извештајот од испитувањето на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации, кое беше спроведено од страна на АЕК, најзадоволни од квалитетот на говорните услуги во мобилната телефонија се корисницитен на Оne.
За ова досега само се нагаѓаше, а сега е и официјално, затоа што Управата и Надзорниот одбор му предлагаат на Собранието да се гласа за измена и дополнување на статусот на ХТ, за да се додадат нови дејности.
Сервисот за електронска пошта на Yahoo во Кина ќе биде затворен до август годинава, како дел од договорот со нивниот партнер во оваа земја, Alibaba Group. Услугата се гаси на 19 август, а Yahoo им советува на своите корисници да преминат на други провајдери, како Aliyun.
Делегација од Владата предводена од премиерот Никола Груевски, ги презентираше можностите на Македонија за инвестирање на бизнис форум во организација на Стопанската комора на Сао Паоло пред повеќе бразилски бизнисмени.
Европските антимонополски власти отворија истрага поради најавите на грчкиот авиопревозник Aegean Airlines дека ќе ја преземе грчката авиокомпанија Olympic Air, јавува Ројтерс.
Овие демо фарми се наменети да бидат места каде ќе се обучуваат советниците на АПРЗ, инспекторите од ДИЗ, просветните и научните работници, фармерите и др.
Промоцијата на програмите за студирање во Канада вклучувајќи ги и програмите за работа и студирање, како и програмите кои нудат стипендија за меѓународни студенти, ќе биде презентирана во НУБ Св. Климент Охридски – Скопје, во центарот за конференциски студии на 25 април од 12-16 часот во соработка со ОИЦ
Apple соопшти дека приходите во првиот квартал за оваа година изнесуваат 43,6 милијарди долари, со што ги изненади аналитичарите кои очекуваа 42,3 милијарди. Но, добивката на компанијата паднала на 9,5 милијарди долари, во споредба со 11,6 милијарди во истиот период лани.
Македонската бизнис делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8-от Светски коморски конгрес, се сретна со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.
Србија сега може да повлече 10 милиони евра годишно од претпристапните фондови на Европската унија за областа земјоделие и развој на селата, изјави државниот секретар на министерството за земјоделие, Данило Голубовиќ.
Компанијата КА-ДИС, SEAT Македонија е добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 за проектот SEAT Open 2012, во категоријата Вложување во заедницата кај мали и средни претпријатија.
Министерството за економија и националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (ООП), денес по шести пат ги доделија наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија.
Од компанијата велат дека на преселба на производството на Mini се одлучиле во согласност со својата “производството го следи пазарот” стратегија.