Новости

Туристичката потенцијали на Охрид и на Македонија беа презентирани на угледниот туристичкиот саем во Берлин, што се одржа од 6 до 10 март.
Електронска апликација Да ја заштитиме животната средина, идеја на македонското министерство за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за Катастар го освои првото место на натпреварот за идеи распишан од Европската Комисија, во рамки на проектот Инспирација за земјите од Западен Балкан.
Јужноафриканската Република, Јужна Кореја и Мексико се само некои од пазарите на кои веќе од втората половина на оваа година би можело да дојде до продор на хрватската стока. Тоа ќе биде последица на влегувањето на Хрватска во ЕУ.
Една од основните пречки за поголем економски развој е немањето соодветна транспортна инфраструктура, патничко и железничко поврзување во регионот и со Европа.
Федерацијата на фармери на Македонија предлага фармерите погодени од неодамнешните поплави да не плаќаат закуп за земеното државно земјоделско земјиште, ниту надомест на водните заедници.
Стратегијата на Зара вклучува помалку резерви облека и често менување на колекциите. Наместо да исфрлаат по една колекција во сезоната како другите брендови, Зара се појавува со нов дизајн два пати неделно.
Јапонската поддршката за четири мали проекти во Македонија, за фискалната 2012 година, изнесува вкупно 225.472 евра и истите ќе бидат доделени денес.
Директорот на маркетинг за светскиот пазар на Пепси, Салман Амин, ја напушти компанијата. Амин е 29-от бренд менаџер кој ја напушта оваа компанија од 2008 година наваму.
Владата на Република Македонија испрати апел до земјоделците да ја искористат државната помош и да ги осигураат посевите.
Словенечката компанија Пивоварна Лашко огласи дека ги продава недвижнините што ги поседува во Словенија и Хрватска. Станува збор за една куќа во Словенија и пет апартмани во Хрватска.
Уште една германска компанија, заинтересирана да инвестира во Македонија, наскоро ќе отвори фабрика за електроника во Велес
На настанот присуствуваа жени претприемачи кои ги споделија своите искуства и предизвици со кои се среќаваат при водење на своите бизниси. Меѓусебно разменија искуства за пречките со кои се среќаваат при имплементирање на новите деловни решенија, како и можните стратегии за нивно надминување.
Италијанскиот министер за труд Корадо Пасера ја критикуваше одлуката на јапонската компанија Bridgestone да ја затвори фабриката во јужна Италија и ја оцени како “сериозна и без причина”.
На регионалната конференција на тема Агробизнис, на Атлантик Група и беше доделена престижната Бренд лидер награда - за покажаната бизнис извонредност и севкупен придонес кон зголемената конкурентност во регионот и Југоисточна Европа.
Шведскиот произведувач на автомобили Волво најави посебен уред на своите возила кој ќе ги детектира велосипедистите. Во случај кога ќе се детектира опасност од судар, ќе се огласи аларм кој ќе ги активира кочниците на автомобилот.
Откако минатата година оваа компанија забележа големи загуби и континуирано го губи уделот на пазарот на смартфони од конкурентите Samsung и Apple, неговите вкупни примања се намалени за 45%.
Сликите, насловите и битните работи ќе бидат многу поголеми од претходно. На аголот на десната страна на News Feed се наоѓаат табови кои ќе ви овозможат да одредите како сакате да ги гледате новостите што се појавуваат.
Панасоник нема да го докапитализира Горење, но планира соработка на партнерско – производни основи.
Мобилниот оператор Vip вчера соопшти дека ја збогати својата припејд понуда со нови тарифи и опции кои им овозможат на корисниците повеќе поволности.
Во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата Македонија е рангирана на 75 место, односно едно место погоре од минатата година.
Хрватска и Словенија постигнаа договор за решавање на спорот околу Љубљанска банка, со што е отстранета и последната пречка за влез на Хрватска како полноправна членка на Европската унија на 1 јули.
Министерството за финансии ја исплати субвенцијата за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко во износ од 215,8 милиони денари на 7.808 сточари, со тоа што на 4 март се исплатени 31,5 милиони денари, а денес преостанатите 184,3 милиони денари.
Македонската и турската царина во иднина ќе ја унапредат соработката во областа на царинските контроли и истраги.
Во Црна Гора, според податоците на Централната банка, на крајот на февруари се блокирани сметките на 12.390 претпријатија и бизнисмени. Вкупниот износ на долгот врз основа на кој се блокирани сметките е околу 414,27 милиони евра.