GetLokal е нов македонски веб-сајт со содржини генерирани од страна на потрошувачите, кој на посетителите им нуди препораки, слики и информации за местата за излегување, ресторани, продавници.
Процедурата за пријава, односно одјава на работници на определено време е поедноставена, но со ова недоволно се запознаени работодавците.
Руската компанија Солвеј, сопственик на рудникот за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица, во овој рударски капацитет реализира нова инвестиција во висина од 1,5 милиони евра.
На естонската економија и оди добро, па затоа и властите не очекуваат нивната земја да биде зафатена од кризата во еврозоната.
Во последниот извештај на Светската банка се повикува на интегрирање на неформалниот труд во источна Европа со фирмите во формалната економија. Намалувањето на сивата економија и промовирање на формалното вработување треба да биде клуч за одржлив економски просперитет во источна Европа.
Српската влада донесе одлука да го зголеми ДДВ-то од 18% на 20%, додека на сите животни намирници задржана е ниската стапка од 8%.
На традиционалната ранг-листа Топ 500 компании во централна Европа 2012 на ревизорско – консултантската куќа Дилоит за 2011 година, од Македонија повторно се најде само Окта.
Стопанската комора на Северозападна Македонија вчера презентираше предлог антикризни мерки кои, според нив, ќе придонесат кон зголемување на ликвидноста на компаниите и стимулирање на извозот.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во присуство на Министерот за образование и наука на Р. Македонија, Панче Кралев, претставници на повеќе образовни институции од Македонија, како и експерти за образование од Велика Британија и Канада, денес беше свечено отворена Училницата на 21-от век која воедно е и најголем СМАРТ едукативен центар во Јадранскиот регион.
Словенечката фабрика за акумулаторски батерии (ТАБ) Межица купи удел од 85% во македонската компанија Весна САП и сака да го прошири производството и во земјава.
Цените со Бонусот за лојалност се објавени на капијата и Тиквеш активно ја прибира Смедеревката од годинашниот род.
Dell Corporation го претстави Dell Force10 MXL на пазарот во Македонија – switch со високи перформанси и претставува првиот blade switch во индустријата со поддршка од 40 Gigabit Ethernet (GE).
Винарската визба Тиквеш ги информира лозарите дека откупот на грозјето ќе продолжи веднаш штом винарницата го добие сертификатот за верификација, што е во процедура.
Повеќе од еден милион туристи ја посетиле Романија во јули годинава, соопшти Националниот институт за статистика.
Иако огромен број од инвеститорите во компанијата Facebook, ја искористија првата можна прилика за да ги продадат акциите со оглед на фактот што нивната цена е во константен пад уште со самото излегување на берзата, Цукерберг изјави дека тој нема намера да стори нешто такво.
Apple потврди дека на 12 септември ќе одржи настан и умешно најави дека на настанот ќе го промовираат iPhone5.
Министерството за образование и наука ќе почне со изработка на национална стратегија со која на систематски начин и со конкретни мерки ќе се пристапи кон решавање на емиграцијата на високообразовниот и стручен кадар од Македонија.
Министерството за економија ја почна серијата посети на стопанките комори во Македонија чија цел е презентација на Рамковната програма за конкурентност и иновации - ЦИП на Европската унија преку која на македонските фирми годинава им се достапни за користење 460 милиони евра.
Девет од десет трговци во Солун се незадоволни од профитот од летните попусти.
И покрај кризата во еврозоната, шест европски земји се наоѓаат во топ десетте најконкурентни земји во светот.
Уште 43 дена до почетокот на Глобалниот инвестициски самит за Македонија 2012
Индискиот милијардер Субрата Рој со купување на хотелот Славија во Охрид ја почна реализацијата на најавената инвестиција во Македонија, информираат од Агенцијата за странски инвестиции, од каде најавија и нови инвестиции во Технолошко индустриската зона во Скопје.
Иако сите меѓународни институции веќе со години зборуваа дека Хрватска мора да ја зајакне економијата, пазарот и да понуди поатрактивен производ и да го зголеми извозот, Хрватска не ја искористи кризата и може да се каже дека е единствена во Европа која денес извезува помалку од 2007.
Чешката национална авиокомпанија ЧСА официјално стана дел од новата компанија Чешки Аерохолдинг.