Италијанската компанија Rigoni di Asiagio ќе започне органско производство на лешници на површина од 190 хектари во српската општина Неготин, а вкупната вредност на инвестицијата ќе биде од 20 до 30 милиони евра.
Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници на кирилично писмо, опфакајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука како љ, њ, ѓ, ж, ч, ш, и џ.
Рестораните во Бугарија се уште не посочуваат на видно место која храна во менито може да предизвика алергија, заклучува Бугарската агенција за безбедност на храната, по спроведените контроли во преку 1.000 објекти.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во ноември оваа година изнесува 704.527.000 денари, што е намалување од 57% во однос на истиот период лани.
Вип воведува две нови тарифи Vip Free + Special и Vip Free + Special +, кои на корисниците им овозможуваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи во Македонија, 50 СМС пораки кон странство, како и 2 GB интернет вклучени во месечната претплата.
Непосредната приватна продажба на акции на Euromax Resources на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е целосно завршена.
Сопственик на овој оригинален ресторан е Никола Наранчиќ, кој претходно работел во Болоња, но идејата за ваков ресторан го вратила назад во родниот крај.
Македонската автомобилска компанија Еуроимпекс е ексклузивен увозник на автомобилите Пежо за Косово.
Кога решаваат да запливаат во бизнис водите, граѓаните на Србија најчесто отвораат бутик или кафуле. А кога бизнисот нема да им тргне, не се откажуваат, ја затвораат фирмата и отвораат нова, под друго име.
Компанијата Макпетрол ја намалува цената на течниот гас, плин, од 31,5 на 28 денари за литар. За пет денари се намалува и цената на природниот гас, метан, па наместо за 48 ќе се продава за 43 денари за килограм.
Паметната тока на Belty се поврзува со посебна апликација што ги мапира податоците собрани во текот на денот, па на основа на тоа нуди информации и сугестии кои одговараат на подесување на ременот во реално време.
Во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Македонската енергетска асоцијација, денеска ќе се одржи расправа на тема - Работна верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година.
Bella Beat постигна договор според кој на пролет ќе почне со дистрибуција на 65.000 парчиња од своите производи на големите американски трговски синџири Target и BestBuy.
Град Скопје денеска ќе додели сертификати за авто - такси возачи. Сертификати ќе добијат кандидатите кои ја завршиле обуката и го положиле испитот.
На продажба се ставени едно шкотско говедо, три лебеди, четири лами, два пони коња и 14 елени лопатари.
Во Велика Британија се појави помалку необичен оглас за работа од компанијата UK Paintball, која бара лица врз кои ќе се тестираат куршумите во различни бои, што се глава карактеристика на препознатливата игра paintball.
Нов претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија е Штефан Петер, а негов заменик е Харалд Дамерер. Тие на овие позиции доаѓаат по истекот на договорите на претходниот менаџмент на Вернер Хенгст и Волфганг Шефер.
Бугарската државна железница од денеска трга 38 возови од шините, а на скратени релации ќе сообраќаат 10 возови.
Магазинот Marie France Asia направи избор на десетте најубави униформи на стјуардеси од сите светски авиокомпании, а меѓу нив се најдоа и оние на српската Air Serbia.
Во ноември минатата година се издадени 281 одобрение за градење, што претставува 54,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на горивата од полноќ повторно добиваат нова и пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Adria Airways е на листата 15 фирми во кои мнозинска сопственост има државата, кои треба да се приватизираат. Компанијата во последните неколку години работи со загуба и тешкотии поради долгови.
Возот ќе биде поврзан со граничниот премин Капикуле и ќе поминува низ Едрене. Се очекува тендерот да биде распишан оваа година. Линијата ќе биде продолжение на мега проектот Мармара.
Предноста од оваа технологија е способноста за обработка на секаков вид на пластика, бидејќи постојат различни механизми за рециклирање. Капацитетот на рециклирање засега е два тони пластични пелети, а планирано е зголемување на 10 тони.