Технолошкиот гигант Microsoft развива нов и модерен интернет пребарувач што ќе го замени култниот Internet Explorer, со цел да се доближи кон веќе препознатливите Chrome и Firefox.
Такси возачите во Франција сметаат дека оваа услуга им носи нелојална конкуренција, а за сметка на тоа Uber се повеќе го распространува својот бизнис.
Навремената информација претставува предност/профит и создава предност на пазарот.
За нивното уметничко дело потребно е вкусно пенливо кафе прекриено со тенок слој какао во прав.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави оглас за користење средства за помош за маркетинг на земјоделските производи и преработени земјоделски производи.
Акционерското друштво Македонијатурист проектира добивка од редовно работење во износ од 140.478.478 денари, стои во бизнис планот на компанијата, објавен на Македонска берза.
Следува подготовка, тендер и барање на стратешки партнер за Петрокемија. Се планира продажба и на Ѓуро Ѓаковиќ и Кончар.
Најдобро ќе се заштитите доколку научите како правилно да одите по мразот и во крајна линија да научите како правилно да паднете, доколку не можете да ја избегнете “блиската средба“ со замрзнатата улица.
Во празнична и разиграна атмосфера со новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители 11 Октомври и заедно со волонтерите вработени во Т - Мобиле и Македонски Телеком им подарија пакетчиња со желба за уште поубава година.
Од 1 јануари целото млеко на српскиот пазар ќе има дозволено ниво на афлатоксин до 0,05 микрограми по килограм.
Телеком Австрија Групацијата информира дека, заедно со Телеком Словеније Груп, поднесе нотификација за концентрација до Комисијата за заштита на конкуренција на Република Македонија.
Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна е на дневен ред на денешната собраниска седница.
Бројот на работниците во индустријата, во ноември оваа година во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Досега Kodak нема откриено детали во врска со новиот производ, иако брендот вети дека во софтверот на смартфонот ќе ја имплементира својата врвна технологија за фотографирање.
Алкалоид и во 2015 ќе продолжи со инвестиции во производство, современи технологии и човечки ресурси
Фармацевтската компанија Алкалоид и во 2015 година ќе продолжи по курсот на развојот, ќе продолжи да инвестира во производните капацитети и во современите технологии, во човечки ресурси и во заедницата воопшто.
Спорен анализата на Бугарската народна банка (БНБ), 77% од бизнис кредитите се наоѓаат во пет индустрии - трговија, преработувачка индустрија, градежништво, недвижности и хотелиерство.
На крајот на годината, Google направи листа на најдобри апликации за Android, што ќе им биде од голема помош на корисниците кои на своите паметни телефони го имаат токму овој оперативен систем.
Нафтена индустрија Србија (НИС) најави дека во 2015 година планира да развие трговија со струја во земјите во опкружувањето.
Во ноќните часови меѓу 27 и 28 декемви, при редовно вршење контрола, УЈП утврди неправилност кај 7 угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година изнесува 21.717 денари, додека бруто износот е 31.847 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
До крајот на следниот месец,Катастарот ќе го пушти во употреба регистарот на цени на недвижности. Во тек се финални тестирања на системот, а ќе се извршат и обуки на нотарите со цел правилно по електронски пат да се доставуваат податоците до Катастарот.
Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија, на денот на формирањето на Банката, 29 декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во седум општини во Македонија.
Цените на горивата, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска ќе се намалат за 3,50 денари.
Кинескиот производител на паметни телефони – Xiaomi Corp е најбрзорастечки старт – ап бизнис во светот. Компанијата постои само три години, а веќе остварува значителен профит.











