Посетата на УСЈЕ е активност во рамките на годинешната Европска конференција во организација на Македонската мрежа на Глобалниот договор.
Компанијата Факом прикажа загуба од 26.901.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Атлантик Група во првите девет месеци од 2014 година оствари 506,2 милиони евра приходи од продажба, што претставува раст од 2,7% во однос на...
Фондацијата Трајче Мукаетов и оваа година доделува 40 стипендии и тоа 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет.
Вкупно 664,2 милиони евра, односно 320 по глава на жител, се наменети за Македонија од ЕУ преку инструментот за претпристапна помош ИПА II 2014-2020.
Австриската банка Hypo Alpe Adria даде согласност за продажба на својата балканска мрежа на инвестицискиот фонд Advent International заедно со нивниот партнер - ЕБОР.
И во услови на надворешно окружување исполнето со предизвици, банкарскиот систем во Македонија успеа да ја задржи ликвидноста и солвентноста, а со тоа и својата стабилност и сигурност, беше утврдено на седницата на Советот на Народна банка на Македонија (НБРМ).
Новото мини олимписко село ќе содржи фудбалски стадион, атлетска и трим патека, повеќенаменска спортска сала, простор за боречки спортови, хотел, паркин и се што е неопходно за еден ваков центар.
Компанијата Oppo го претстави најтенкиот паметен телефон на светот, чија дебелина е само 4,85 милиметри. Моделот го носи името R5, а станува збор за прв уред од овој вид чија дебелина е под половина сантиметар.
Електронска евиденција на тутунот ќе започне од март следната година, со што ќе се надмине проблемот со склучување двојни или тројни договори за иста површина на тутун.
Премиерот на Србија Александар Вучиќ потврди дека владата е решена да го приватизира Телекомот, но во случајот на Електростопанство Србија (ЕПС) подготвена е за продажба на малцински пакет.
Амбулантниот дрон може да пренесе дефибрилатор за една минута на растојание од 12 метри квадратни, со што шансите за преживување на пациентите се зголемуваат од 8% на 80%
Своите производи New Bakery ќе ги пласира првенствено на пазарот на западна Европа.
За почеток, во декември ќе постават 20 Pepper роботи да комуницираат со клиентите и да ги промовираат Nescafé апаратите. До крајот на следната година, Nestle планира да има роботи кои ќе работат во 1.000 продавници.
Сигнализацијата се состои и три главни делови – мерач на брзината, систем за обработка на податоците и осветлување на знакот.
Популарниот интернет музички канал YouTube би можел наскоро да почне да ги наплатува своите содржини во замена за отстранување на рекламите.
Од понудените 13.630.537 обични акции, продадени се вкупно 13.630.537 обични акции во вкупен износ од 4.307.249.692,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%.
Гувернерите на народните банки на Македонија и Хрватска, Димитар Богов и Борис Вујчиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки.
Од денека посетителите на Скопје Сити Мол, ќе можат да ги набават своите омилени производи од производната палета на Виталиа.
Германија се соочува со недостиг од 16.000 возачи на автобуси, а потребата од оваа професија во цела Европска унија е особено голема.
Списанието Harvard Business Review го прогласи основачот на Amazon, Џеф Безос, за најдобар извршен директор во светот.
Индустриското производство во септември оваа година забележа пораст од 9,1% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Малопродажниот ланец Жито Маркети денеска го отвори својот најнов продажен објект во скопската населба Драчево.
Истанбул е во групата на 20 топ градови во светот како најголеми домаќини на голем број глобални кујни.