Спотот е сниман во Задар и околината, а ќе биде наменет за францускиот пазар.
Договорот е склучен, инвеститорот купил два хектари земјиште во индустриската зона во Шабац. Турската компанија ќе вработи 100 луѓе, а вредноста на инвестицијата е четири милиони евра.
Партнерската програма се однесува на постојните, но и потенцијални партнери кои имаат сопствени софтверски решенија или пак компании кои веќе нудат продукти и услуги.
Поп дивата Бијонсе и Сер Филип Грин, сопственикот на TopShop, склучија партнерство за соработка во бизнисот со луксузна спортска облека.
Јана Ивановска од Скопје е милионитиот патник на аеродромот Александар Велики. Таа денеска пристигна на Скопскиот аеродром со летот на авиокомпанијата Визер на релацијата Ајнтховен – Скопје.
Доколку започне примената на овие мерки, за измами од овој вид во Франција може да се донесе пресуда за затворска казна до две години и 300.000 евра парична казна.
Просечната месечна исплатена нето плата во август изнесува 21.217 денари, додека бруто износот е 31.080 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со овој настан покажаа дека нивното вклучување во општествените активности не треба да биде табу тема.
Технолошкиот гигант Макстил оствари нето добивка од 2.414.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува Билансот на успех на компанијата објавен на Македонска берза.
Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, во Париз ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери.
Конференција на тема Општествената одговорност – услов за конкурентен и одржлив развој ќе се одржи денеска во Скопје.
Загрепски електрични трамваи им понуди нова услуга на патниците - бесплатен превоз на велосипеди на носачи поставени на задната страна на градските автобуси.
Во Москва на почетокот на годината ќе биде отворен таканаречен Српски трговски дом, кој на едно место, во форма на малопродажен објект, ќе ги собере сите српски прехранбени производи присутни на рускиот пазар.
Преку оваа средба ПроКредит Банките од Македонија и Србија им дадоа на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред потенцијалните бизнис партнери од регионот.
Со новите инвестиции ќе продолжи инвестицискиот циклус карактеристичен за Општина Илинден последниве неколку години.
Акционерското друштво за издавање деловен простор под закуп Градски трговски центар (ГТЦ), оствари нето добивка од 32.572.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година.
Во последните неколку години, вработените во компанијата доброволно се откажуваат од своите купони за храна и собраните средства ги донираат во Црвениот крст на Град Скопје, кој што ги дистрибуира прехранбените производи до граѓаните кои се во тешка социјална положба.
До крајот на ноември Marriott ќе го отвори својот прв хотел во Сараево, Residence Inn by Marriott, додека вториот хотел Courtyard by Marriott ќе биде отворен на пролет.
Управата за јавни приходи (УЈП) ќе воспостави нов ИТ систем, чија цел е раст на приходите за 1% до 3% за една година.
Иако е изработена само од дрво, оваа куќа има одлична изолација и може да ја поднесе дури и суровата руска зима, а нејзиниот модуларен дизајн и лесно склопување овозможуваат вселување во рок од 24 часа.
Економската состојба во септември, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е понеповолна во однос на претходниот месец, а исто така, и во однос на истиот период лани.
Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека 13 од вкупно 130 најголеми банки во евро зоната паднале на таканаречениот стрес тест, чија цел е да се утврди како успеале банките да ја надминат новата финансиска криза.
Од 28 до 30 октомври 2014 година, Македонската асоцијација за цврст отпад – МаSWA е домаќин на Инаугуративна свеченост и Конференција на тема “Вмрежување на Македонија во светските текови за управување со отпад”.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави 10. јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ.