Нивните крајни производи се неверојатни и покажуваат футуристички мостови, алтернативни енергетски системи вклучувајќи соларна енергија и турбини на ветер, како и станбени комплекси во форма на конуси.
Домаќинствата што се приклучени на системот на Балкан енерџи груп од први август да добиваат сметки за парно пониски за 4,69%.
Во организација на Seavus едукативен и развоен центар од 01.09 до 05.09.2014 година ќе се одржи летна школа која го носи името SEDC Summer cool school - Pre - Academies Lectures.
На интернет страницата на старт – ап компанијата Madbits се појави известување според кое нивниот тим се присоединува кон Twitter.
Од Стопанскатата комора за туризам на Македонија соопштија дека со потпишувањето на Кодексот, Македонија е меѓу 40 земји во светот кој го потпишале овој докумет.
Најпопуларната социјална мрежа Facebook повеќе нема да им овозможува размена на пораки на своите корисници преку мобилната апликација како досега, туку тоа во иднина ќе го прават преку Messenger.
На новата платформа ќе бидат пренесени 21 институција со 110 податочни сета, кои претходно ги имаа отворено податоците во отворен формат и беа линкувани до централниот сајт за отворени податоци.
Туристичката агенција Ривиера од Опатија претстави интересна иновативна инсталација Photospot, што овозможува туристите едноставно и бесплатно да направат туристичка разгледница од Опатија.
Стопанска банка АД Битола прикажа загуба пред оданочување од 60.080.000 денари во првите шест месеци од оваа година.
Значително поголем раст на меѓугодишно ниво е забележан кај купување на половни возила, кај кои е остварен раст од 214,9%.
Бугарија е најголемиот извозник на сончоглед во светот. Оваа земја ја помести Украина од челната позиција во извозот на сончоглед, покажуваат податоците на Светската трговска организација.
Општина Будва во Црна Гора ќе распише тендер за издавање на 30-годишен закуп на пет хектари општинско земјиште на брдото Топлиш над Будва, за изградба на забавниот парк Adriatic Hill.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови се очекува дестабилизација на времето, проследено со пороен дожд, грмежи, ветер, силни електрични празнења и град.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во последните 15 години се вложени над 120 милиони евра во производни капацитети, технологија, информатички системи, кадар и знаење.
Во мај годинава просечната месечна исплатена нето-платата по вработен изнесува 21.483 денари и е за 0,9% повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6% од лани.
Владата донесе одлуки со кои се предвидува основање на две нови технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) во источна Македонија, од кои едната ќе биде лоцирана во близина на Виница, а другата кај Берово.
TouchPico, проектор за паметни телефони, започна да собира средства за производство преку Indiegogo кампањата и веќе надмина 80% од посакуваниот износ.
Цените на бензините и дизелот од ноќеска се намалуваат, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Овој “органски“ облакодер, што ќе се гради во Лондон, целосно ќе биде обложен со плочи од рециклирана хартија и пластичен отпад.
За време на продолжениот викенд, за само три дена преспанските плажи ги посетиле околу 10.000 лица. Туристичките работници се задоволни од бројноста на гостите.
Се претпоставува дека целта на Apple со оваа аквизија е да ја поправи својата Podcast апликација и iTunes услугите за музички содржини.
Милионерот Так Чунг Јам од Хонг Конг во производството на најбрзиот електричен автомобил на светот влегол преку групацијата Integrated Asset management Asia Limited.