Словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways од 22 април ќе почне на патниците во економската класа да им наплаќа за храната и пијалоците.
Република Молдавија-можности за нови деловни партнерства и поголема економска соработка е тема на денешната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија.
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување на НАССР системот во угостителските објекти.
Поранешниот шеф на Федералните резерви на САД (FED), Бен Бернанке, во септември ќе дојде во Турција и ќе одржи ексклузивен говор за кој ќе добие 300.000 долари, пишува Хуријет.
Во четвртото тримесечје од 2013 година активното население во Македонија изнесувало 960.704 лица, од кои вработени биле 685.479, а невработени 275.225 лица.
Министерството за економија на Црна Гора соопшти дека нема заинтересирани странски инвеститори за изградба на систем хидроцентрали на Морача.
Се воведува електронска фактура или поврзување меѓу аптеките и Фондот за здравствено осигурување на Македонија со цел да се избегнат нервозите и грешките од минатото кои беа на товар на аптеките.
Во деновите кога се натреварите на Светското фудбалско првенство што од 12 јуни до 13 јули ќе се одржи во Бразил, цените на хотелите ќе растат и до 229%.
Фондот за иновации и технолошки развој ќе подготви програма обезбедувње советодавна и логистичка помош за поврзување на заинтересираните субјекти со меѓународните организации кои финансираат ваков вид проекти, по што ќе се разгледува на владина седница.
Вработените наведуваат дека ги присилувале да работат прекувремено и дека не им ги плаќале тие одработени часови. Тие им ги бришеле работните часа од евиденциските картички и им ја одземале паузата за оброк и одмор.
Годишните даночни пријави може да се поднесат до понеделник, 17 март, бидејќи последниот рок за доставување пријави е 15 март (сабота), кој е неработен ден и затоа се продолжува до наредниот работен ден, односно понеделник.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,1% на месечно ниво, а за 3,4% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,3% на месечно ниво и за 2,8% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, е забележан пораст на прометот
Скијачкиот центар Попова Шапка од утре ги намалува цените на дневните ски билети до крајот на скијачката сезона и ќе чинат 600 денари.
Корпорацијата Toshiba, најави дека основала нова компанија Toshiba Lifestyle, која официјално ќе почне со работа од први април оваа година и ќе биде задолжена за секторот за компјутери, телевизори и бела техника.
Компанијата Фени потврди дека доби дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање да гори повеќе гума во печките што ги користи во процесот на прозводство.
Одборот на извршни директори на Светската банка го одобри Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност (ДПЛ2) во износ од 36,4 милиони евра за Република Македонија. Целта е да ја зајакне конкурентноста на економијата
Податоците на Агенцијата за стопански регистри (АРП) покажува дека скоро 25.000 фирми во Србија немаат ниту еден вработен, а 22.000 имаат по еден.
Со презентација на тема Остварените резултати во заштитата на правата на потрошувачите – кодекси на добра пракса Стопанската комора и Министерството за економија ќе го одбележат Светскиот ден на правата на потрошувачите.
Најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор вчера започна акција Гарантираме најниски цени, со која ги намалува цените на 10.000 производи од сите групи, за ценовно да се приближи до конкурентите, трговските ланци Spar, Tuš, Lidl и Hofer.
ICP е непрофитна иницијатива, односно организација, основана во 2001 година од Paulig од Финска, Löfbergs Lila од Шведска, Lavazza Италија, Neumann Kaffee Gruppe и Tchibo, Германија.
Во Струга денеска ќе се одржи презентација и консултативна работилница за Нацрт ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Mакедонија и Aлбанија за период 2014 - 2020 година.
Податоците говорат дека сегашните емисии на стакленички гасови на глобално ниво се за 14% повисоки од оние што според пресметките би требало да се постигнат во 2020 година.











