За само четири дена, 68 компании поднеле барање за искористување на владината мерка за вработување на млади лица до 29 години со која фирмите се ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок за работникот.
Apple го претстави новиот поевтин модел на iPhone 5C со 8 GB. Покрај послабата интерна меморија, сите останати карактеристики се идентични.
Кампањата под мотото Шанса за живот почна денеска, а ќе трае до ноември годинава. ОКТА ќе донира пари и дополнително ќе издвојува сума од секоја продажба на гориво на нејзините бензиски пумпи.
Северо-источниот и Источниот, според Мургашанска, се први региони во Македонија, кои ќе добијат европски интегриран систем на управување со отпад со европски пари, преку ИПА фондовите.
Во групата мали бизниси кои ги затвориле своите врати најчесто се продавници, таксисти, возачи на камиони, мали фирми за селидба, сопственици на интернет кафеа и сопственици на ресторани.
Проектните активности ќе се спроведуваат на територијата на Источна Македонија и Западна Бугарија, а целта на проектот е поддршка на мобилноста, адаптибилноста и условите за стручни обуки и преквалификација на луѓето во активни работни години.
Управниот одбор на компанијата Scania препорача да се одбие добиената понуда од Volkswagen за купување на преостанатите акции, бидејќи истата ја смета за прениска.
Цементарница УСЈЕ во вторникот информираше дека започна со реализацијата на проект за практична обука на учениците од техничките средни училишта од машинска и електро струка.
Промотивната понуда која почна од 15.03.2014, ќе важи за сите поднесени барања до 15.06.2014 година. За корисниците ќе обезбеди 6,5% гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100% попуст на административните трошоци.
Македонските компании кои произведуваат мебел оваа година може да се соочат со тешкотии и неможност за извоз во земјите од Европската Унија (ЕУ), доколку државата не почне со сертификација на шумите.
Словенечката најголема банка Нова љубљанска банка (НЛБ) соопшти дека ја затвора филијалата во Трст кон средината на 2015 година.
Според правилникот, нема веќе влечење на туристите за ракав, а ќе се тргаат и вишокот столчиња пред угостителските објекти.
Бугарија размислува увезената стока да биде со етикети испишани целосно на бугарски јазик, соопшти министерот за економија Драгомир Стојнев во интервју за Труд.
Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, Алкалоид склучи ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 108.0.
На македонскиот пазар се продава квалитетно млеко, особено од домашно производство. Моментно постои дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо, а извозот на јагнешко бележи благ пораст.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,6%, а кај аутпутот е зголемен за 9,2%.
Британската телекомуникациска компанија Vodafone се договори да го купи шпанскиот кабелски и интернет провајдер Ono за 7,2 милијарди евра, со цел да го прошири работењето во Европа.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2012 година изнесува 42.841 милиони денари и во однос на 2011 година бележи номинален раст од 2,7%.
Во јануари вкупната количина собрано кравјо млеко била 3,1% помала во однос на јануари 2013 година, а производството на млеко за пиење е паднато за 30,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Туристичките работници бараат исклучиво македонски водичи да се користат при посета на странски туристи во земјава.
Во периодот од 13 до 16 март, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го претстави туристичкиот производ и туристичките капацитети пред голем број романски тур оператори и посетители на саемот за туризам во Букурешт, Романија.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ за четвртото тримесечје од 2013 година изнесува 3,2%.
Се додека сме затворени само во домашната економија и само продаваме на домашниот пазар постојано ќе бидеме предмет на притисок како држава. Ќе мора и ние да излеземе надвор, а еден од предусловите е да ги поседуваме сите тие сертификати











