Најголемиот словенечки произведувач и преработувач на пилешко месо Перутнина Птуј е задолжена со 110 милиони евра, а со банките преговара за репрограмирање на дел од финансиските обврски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,6% на годишно ниво.
Заклучно со 12-ти март оваа година, Винарската визба Сковин ги подмири сите обврски кон своите добавувачи на гројзе, како кон индивидуалните лозари така и кон компаниите.
Компанијата Алкалоид АД – Скопје ги доби сите интегрирани еколошки дозволи - А за усогласување со оперативниот план.
Според договорот, кој е предмет на регулаторно одобрување, Hero ќе купи 50% од акциите на Hero Gıda кои му припаѓаат на Ülker, со што станува единствен сопственик на подружницата.
Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и 6 милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за соработка со македонски стопанственици.
Офшор компанијата Централноевропска алуминиумска компанија (CEAC) бара надоместок за штета и загуби, вклучувајќи и надоместок за незаконска експропријација на инвестициите на CEAC и очекува на име на оштета да добие преку 600 милиони евра.
Саемот за вработување и кариера – Job Fair, кој има за цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со работодавците ќе се одржи денеска и утре на Градежниот факултет во Скопје.
Во јапонската Канцеларија за врски во Скопје денеска ќе бидат потпишани грантови за реализација на проекти од четири корисници од Македонија, вредни 245.000 евра, неповратни средства.
Саемот на автомобили BG car show и Меѓународниот саем на мотоциклисти Motopassion, со преку 260 излагачи, ќе се одржи од 14 до 23 март во халите на Белградскиот саем.
Австриската Uniqa Insurance Group AG во потполност го заврши процесот на преземање на фирмите ќерки на швајцарската Baloise Group во Хрватска и Србија.
Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи ќе може да се поднесе до понеделник, 17-ти март.
Како главна причина поради којашто FTC треба да ја спроведе истрагата за купопродажбата на WhatsApp, се наведува дека е загрозеноста на приватноста на корисниците.
Мобилниот оператор ВИП донираше 1.200 парчиња различен вид постелнина вредна 490.000 денари на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Компанијата Жито Велес денес одбележувa 25 години постоење. Генералниот и извршен директор Далибор Ѓошевски најави голем број активности и изненадувања.
Македонски Телеком достигна покриеност од над 100.000 домови со оптичка мрежа на крајот на 2013 година, што е раст од 40% за петнаесет месеци.
Сите правни лица од Охрид кои имаат намера во иднина да поставуваат урбана опрема пред своите локали и објекти, надоместоците и обврските за закуп и комунална такса ќе ги плаќаат по пониски цени, утврдени со новата Програма за поставување на урбана опрема.
Долговите на српските компании главно се долгорочни, со просечен рок на отплата од седум години и 11 месеци, со просечна камата од околу 3,93%.
Можностите за инвестирање во Македонија во следните три дена ќе бидат претставени на бизнис форум и пред компании во Милано, Тренто и Асти.
Бугарската народна банка (БНБ) ќе ги изложува банките на стрес тестови барем еднаш годишно. Со истата динамика ќе ги проценува ризиците на кои се изложени банките или може да бидат изложени.
Млеко - преработувачката индустрија бележи позитивни резултати. Државните мерки за поттикнување на сточарството направија да се зголеми бројот на овци и млечни крави, а стабилната откупна политика ја врати довербата помеѓу фармерите и преработувачите.
Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност, заедно со ресорното министерство, од април планираат на граѓаните и фирмите да им даваат субвенции од 4.000 до 9.000 евра за купување на електрични, plug-in хибридни и хибридни автомобили.
Компанијата покажала интерес за соработка и евентуален откуп на мнозински пакет акции во компании во БиХ од областа на хемиското производство, како и за фабрики кои се занимаваат со производство на храна.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари 2014 година изнесува 1.321.155 илјади денари, што претставува зголемување од 47,2% во споредба со јануари 2013 година.











