Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на АД Фустеларко Борец заштитно друштво Битола му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда.
Концесијата за експлоатација на јаглен во атарите на село Панчарево - Пехчевско и село Sвегор - Делчевско му е доделена на Акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси.
Развојот на економијата и намалување на невработеноста преку привлекување странски инвестиции кои ќе значат нови работни места е главниот предизвик на Владата во што исклучително значење има активното учество и на македонската дијаспора.
Новиот изглед, лесната навигација и локалните содржини дозволуваат корисниците да добијат брза информација за портфолиото на услугите, како и информации за новитетите на Kuehne + Nagel Македонија.
Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во евтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во евтина тарифа.
Министерството за финансии соопшти дека исплатило 116,5 милиони денари, односно 1,89 милиони евра субвенции на 6.112 сточари за одгледување говеда.
На 21-от годишен собир на економисти, политичари и бизнисмени најавени се преку 500 учесници.
Според прогнозата што ја претстави комесарот за економски прашања и монетарна политика, Оли Рен, Македонија лани остварила раст од 3,2% на бруто-домашниот производ (БДП), што е идентично со Литванија, додека само Романија имала поголем раст, односно 3,5%.
Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј денеска од 10 часот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) организира обука на тема Како да се успее во кариерата, како до успешен бизнис?
За Леснина поголема конкуренција се столарите и малите фирми кои изработуваат мебел по мерка отколку Икеа.
Зголемен е бројот на работниците кои во 2013 година се обратиле до Сојузот на синдикати на Македонија и побарале заштита на работничките права.
Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават часови, што е за 1,3% повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Граѓаните ќе може да регистрираат национален домен.mk електронски од кој било компјутер, со добивање на услугата од осум компании-регистрари.
Водостопанското претпријатие Водостопанство Тиквеш од Кавадарци започна да склучува договори за снабдување со вода за наводнување за 2014 година
Друштвото за производство, трговија и услуги Жито од Велес претстави дел од своите земјоделски производи на саемот за бизнис со свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика што се одржа во Берлин, Германија.
Во следниве неколку дена во Македонија доаѓаат првите 15 странски експерти, практичари кои ќе работат во компаниите кои се пријавија на јавниот повик за Проектот за ангажирање странски експерти за потребите на домашните компании.
Групацијата Seavus организира бесплатнa обука во своите простории, за програмскиот јазик Јаva, која ќе се одржи во период од март до мај 2014 година.
Како сектори кои најмногу придонесуваат за сивата економија се наведуваат градежништвото, трговијата, производството, туризмот и транспортот.
Откупени се 27,5 милиони килограми тутун или преку 80% од договорените 32 милиона килограми. Просечната цена достигна 154,65 денари за килограм.
Со сеење на 230 хектари со сточна храна и хидрогеолошки истражувања почна втората фаза во проектот Млекарница Сахара во Македонија.
Според експертите, Србија треба да ги искористи адутите што ги има - поевтина, но образована работна сила, добра географска положба, слободен пристап до бројни пазари. Адути што треба да ги искористи Србија се и големите проекти.
Пет пункта опфатени со пилот проектот Рурален доктор се поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Проектот Рурален доктор официјално почнува од 1 март оваа година.
Борово се обидува да направи чекор понапред во градењето на брендот и да ги пласира препознатливите патики на хрватскиот пазар и на пазарите во регионот, но и во Франција, Кореја и Јапонија.
Инсталирањето на овој систем е дел од исполнувањата на обврските од Оперативниот план за добивање на А-интегрирана дозвола на оваа инсталација.











