За развој на туризмот во 2014 годин се издвоени 150 милиони денари, со кои Агенцијата за туризам ќе може да ја промовира Македонија, соопштуваат од Владата на Република Македонија.
Кон средината на летово на источниот влез во Загреб се отвора голем продажен објект на шведска Икеа.
Градбата со сувомонтажни системи со гипсени плочи да се регулира со нормативи како дел од подзаконската регулатива за градење, бара Групацијата за сува градба при Стопанската комора на Македонија.
Винарската визба Тиквеш лансираше вина со специјални етикети кои им овозможуваат на љубителите на виното сами да креираат лична посвета, впишувајќи го датумот, личноста и пригодата за која е наменето виното што го подаруваат.
Во саботата, американскиот ланец за брза храна McDonald's го отвори својот прв ресторан во Виетнам, таргетирајќи ја средната класа во оваа земја.
Главен предуслов за поголема трговската размена и економска соработка меѓу Македонија и Албанија е изградбата на патната инфраструктура за што владите на двете држави треба да вложат поголеми напори.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска пред отворањето изјави дека советувањето има за цел да се запознаат судиите со статусот и надлежноста на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Темелна реконструкција на Скопската железничка станица ќе започне на крајот на март или почеткот на април оваа година. Во неа ќе се инвестираат 2,6 милиони евра, со што ќе се обноват сите нејзини витални делови.
Deutsche Telekom објави денеска дека ќе плати 828 милиони евра за потполна контрола над чешката подружница T-Mobile Чешка. За трансакцијата нема да треба регулаторно одобрување.
Бензините и дизелот и во наредните две недели ќе се продаваат по цени како досега, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Шкода Октавија е автомобил на годината за 2014 година, а титулата СУВ на годината ја доби Рено Каптур.
Нови 6.000 работни места се очекува да бидат отворени годинава во фабриките на странските инвеститори во индустриските зони во Македонија.
Фабриката за акумулатори само 5% од своето производство го пласира на домашниот пазар, а останатото 95% производство се извезува во земјите од западна Европа. Во 2014 година, Таб Мак очекува прилив на средства од 25 милиони евра.
Европската комисија, за вработување на преку 5,5 милиони невработени млади луѓе во Европа осмисли програма Гаранција за млади, за која до 2020 година се обезбедени шест милијарди евра. Од нив, Хрватска ќе добие 128 милиони евра.
Македонија успешно ги претстави своите туристички потенцијали на Саемот за туризам во Брисел, Белгија, кој се одржува од 6-10 Февруари, 2014 година, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
До сега странците во Србија инвестирале 20 милијарди евра, а во странски компании работат 95.000 луѓе.
Кај увозната облека има проблем со присуство на штетни хемикалии, особено во производите од Далечниот исток и Кина. Штетните хемикалии може да предизвикаат алергиски реакции, а некои содржат канцерогени својства.
Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро, како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја ангажираше International Finance Corporation (ИФЦ- Групација на Светска банка) да постапува како советник за Проектната трансакција.
Македонија ќе користи словенечки искуства за езерскиот, а пред се за спа и велнес турзимот. Оваа одлука е донесена на 10-от состанок на Мешовитиот комитет за соработка меѓу Македонија и Словенија.
Агрокор за една акција на Меркатор во 2011 година нудеше 211 евра, а договорот за продажба на Меркатор потпишан минатата година предвидува цена од 120 евра по акција.
Република Македонија е привлечна за турските инвеститори пред се поради добрата геостратешка локација и близината до европскиот пазар, стабилната монетарна и макроекономска политика, како и поради традиционалната пријателска и културна соработка меѓу двете земји
На вонреден сервис се повикани 17.590 сопственици на автомобили Aston Martin, затоа што поради лошиот квалитет на пластичната компонента набавена од Кина, постои можност да откаже педалата за гас.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 се издадени 239 одобренија за градење што е за 13,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.











