Доколку предлогот биде прифатен, ќе ги опфати сите јавни службеници, чија бројка е околу 240.000.
Банките во јануари го задржаа стабилното ниво на ликвидност. Кај депозитите има поволни движења. Депозитниот потенцијал и натаму се зголемува иако побавно на месечно ниво, а зголемување е забележано и кај кредитите и тоа во секторот население
Во Албанија последно зголемување на пензиите имало во 2012, а просечната пензија е 100 евра. Во Косово просечната пензија е 112 евра, а во Македонија околу 170 евра.
Приходите во 2013 година потонаа за 41%, на 5,9 милијарди долари во споредба со 2012 година, кога изнесуваа 10 милијарди долари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2013 година изнесува 33.679, а бројот на ноќевањата изнесува 69.024.
Агенцијата за вработување денеска го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денеска воведува нова промоција во припејд, За твоите 50 денари добиваш 150 денари.
Во општина Крива Паланка денеска беше потпишан договор за изградба на дел од минор коритото на Крива Река. Проектот е финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Републикa Бугарија
Израелската компанија Viber чија мобилна апликација им дозволува на корисниците бесплатно да телефонираат и да праќаат пораки, е во преговори со потенцијален кинески купувач.
Хрватската Атлантик Група со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) договори кредит во износ од пет милиони евра наменет за унапредување на енергетската и ресурната ефикасност на оперативното работење во Србија.
Вратата на Торглер се уште е во фаза на прототип, а ја има во стаклена, челична и дрвена варијанта.
Федерацијата на фармерите на Република Македонија во Струга одржа работилница за компаративна анализа и мапирање на традиционални производи во рамките на проектот Почувствувај го здравиот рурален живот.
За рурален развој во 2014 и 2015 година на општините ќе им бидат доделени една милијарда денари буџетски средства и дополнителни 18 милиони евра од ИПА фондовите, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
Компанијата DM drogerie-markt петта година по ред е избрана за најпосакувана компанија за работа во Хрватска. На второ и трето место се компанијата Müller и трговскиот ланец Lidl.
Целта на проектот е да се воспостави одржлив систем во дополнителни 7 општини и да се развие свеста кај граѓаните и младите луѓе за рециклирање на отпадот од батерии.
Почнувајќи од денеска, Вип им нуди можност на сите припејд корисници да остваруваат долги разговори без дополнителни трошоци за активација.
Пензионерите во март годинава ќе добијат покачување на пензиите за 600 денари. Средствата во висина од една милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбеди во Буџетот.
Инспекторите на ФВО првата контролна мисија во БиХ ја започнаа на 21 јануари, за да го проверат степенот на исполнетост на условите за извоз на млеко и млечни производи.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во декември 2013 година изнесува 2.127.801.000 денари што претставува намалување за 31,1% во споредба со декември 2012 година.
Информации за состојбата на патиштата низ државата, со пренос во живо на сообраќајот на сите патарини и на најфреквентните гранични премини, преглед на тековните и реализираните активности за изградба на патишта, увид во трошоците за таа намена преку http://www.roads.org.mk.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули-декември 2013 се издадени 48 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 868.327 денари.
Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра Фискална во рака – награди без мака стартуваат од денеска, објави министерството за финансии.
Авиокомпанијата Air Serbia вчера соопшти дека ја укинува таксата на услугата издавање билети во висина од 10 евра за сите билети купени преку интернет страната www.airserbia.com.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ), трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје.











