Трошоците за живот во јануари се намалени за 0,1%, а цените на мало зголемени за 0,2% во однос на декември минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од Тутунска и Охридска банка информираат дека е започнато исплаќањето на субвенциите за тутунот предаден во Алијанса од Кавадарци, Сокотаб од Битола, прилепскиот тутунски комбинати и Струмица табак.
Винарницата лансираше специјална серија на вина со уникатни етикети кои им овозможуваат на љубителите на врвното виното сами да креираат лична посвета.
Според привремените, неревидирани податоци на Хрватската народна банка, добивката на банките пред оданочувањето минатата година изнесувала нешто помалку од 133,2 милиони евра, што е за 70% помалку во однос на добивката пред оданочувањето во 2012 година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.997.546 илјади денари, што е за 119,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четврто тримесечје од 2013 година, во однос на четврто тримесечје од 2012 година, е намалено за 12,6 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 2% на месечно ниво, а за 5,3% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје
Додека не профункционираат регионалните депонии за управување со отпадот предвидени со Стратегијата за управување со отпад, постоечките депонии мора да исполнат одредени минимални критериуми за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Кадифени играчки, украси, магнети и останати сувенири веќе и донесоа на Организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи преку милијарда долари.
Соларната електрана е во сопственост на компаниите NRG Energy, BrightSource Energi и Google.
Македонски Телеком го префрли и последниот корисник на новата ИП мрежа со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол АЛЛ ИП.
Клиентите преку новиот банкомат ќе можат да уплатат на трансакциска сметка поврзана со дебитна картичка, долг по кредитна картичка на Шпаркасе Банка, уплата на дневен пазар на трансакциска сметка поврзана со бизнис дебитна картичка за подигнување готовина.
Словенечкиот министер за инфраструктура, Само Омерзел, соопшти дека штетата што ја направи снежното невреме во земјата изнесува 120 милиони евра.
Во Клиничката болница Аџибадем Систина прв пат во Македонија е направена интервенција за излекување на ќелавост со помош на ФУЕ метода.
Швајцарската компанија Nestle плати 3,6 милијарди долари за да преземе целосна контрола врз Galderma, дерматолошки бизнис кој ја подмладува кожата и подготвува третмани за акни, псоријаза и рак. Шведската Galderma ќе стане дел од дивизијата позната како Nestle Skin Health SA.
Досега било да се работи за поединец, било за семејство, вкупниот месечен приход беше 900 евра, сега за брачна заедница вкупниот приход е 1.300 евра, при што за поединец останува приходот од 900 евра. Под приходот се подразбира само приходот од плата
Директорот на Царинска управа Наташа Радеска Крстевска и управителот на СИЗ Македонија Сообраќај – АМЕРИТ Златко Кочовски денеска потпишаа Анекс на договорот за соработка помеѓу двете институции.
Глобалната компанија Coca Cola вчера го претстави новиот бренд Finley, кој ќе се појави во април на пазарот во Франција.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,3% на годишно ниво.
Според договорот, српскиот национален авиопревозник ќе има ексклузивно право на летовите на линијата Белград - Љубљана.
Винер – Виена Иншуренс Груп денеска објави дека во јануари остварила бруто полисирана премија од 140 милиони денари, со што го забележала убедливо најдобриот почеток на годината во историјата на компанијата.
Посетителите ќе имаат можност за дегустација и промотивните цени на чоколади, со програма за најмалите. Учествуваат 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо.
Велика Британија ќе ја предупреди Шкотска дека нема да може да биде во валутната унија со остатокот од Обединетото Кралство и да ја задржи фунтата, доколку на референдумот во септември изгласа независност.