Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Германскиот институт за метрологија (ПТБ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа.
Германската канцеларија за борба против картели ги казни трите најголеми произведувачи на шеќер со 280 милиони евра поради местење на цените.
ЕБОР денеска во Битола ја промовираше новата програма за проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија за Западен Балкан, наменет за јавниот и приватниот сектор.
Воведување нова група помагала и кратење на посетите на годишно ниво кај матичниот лекар и подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), се новите олеснувања во остварувањето на правото на ортопедски и други помагала.
Во истражувањето е нагласено дека жителите на Унијата, главно, преферираат да праќаат кратки пораки наместо да разговаат на телефон додека се во странство.
Во првата половина на март оваа година ќе започнат обуките за полагање на стручен испит за енергетски контролори, што ќе ги организира Здружението МАЦЕФ - Скопје.
Над 300 лица до 29-годишна возраст со најмалку средно образование ќе бидат опфатени со Програмата за практиканство. Годишно се вклучуваат меѓу 80 и 150 компании, а се очекува да се спроведува и во странските компании кои инвестираа во фабрики во земјава.
Технологијата која се користи, им овозможува на возачите, погонските батерии од своите хибридни автомобили да ги наполнат на едноставен начин, така што ќе го паркираат возилото на точно определена позиција под која на подот се наоѓа уред за безжично полнење.
Невладината организација Урбано општество во соработка со ОУ Лазо Ангеловски и Министерството за труд и социјална политика, од вчера, почна со реализација на голема хуманитарна акција за собирање стара облека и играчки.
Словенечката премиерка Аленка Братушек најави дека владата составува нова листа со компании со државни удели кои ќе одат на продажба, односно ќе се приватизираат.
Човекот задолжен за потрага по нови аквизиции кои Apple би ги вклучил во своето работење, деновиве се состанал со Илон Маск, со идеја Apple да ја купи неговата компанија Tesla Motors и активно да се вклучи во производство на електрични автомобили.
Република Македонија води стабилна даночна политика и макроекономски е стабилна. Поседувањето на јасна визија, амбиција и стабилност е она што го бараат и ценат инвеститорите.
Постојаниот избран суд-Арбитража при Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организираат меѓународна конференција на тема Арбитража во ЦЕФТА- регионот во насока на унапредување на економскиот развој.
Бизнисмени и градоначалници од Македонија и Бугарија денеска во Крива Паланка ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на пограничната соработка и заедничките проекти со средства од ЕУ фондовите.
Хрватскиот центар за социјални иновации и одржлив развој ќе ја стартува првата хрватска crowdfunding платформа за претприемачи, Croinvest.eu и првата B2B и B2C извозна е-продавница, CroMall.
Целта е да се направи поголем пробив не само на Косово, туку и во Албанија, кои заедно сочинуваат пазар од скоро 7,5 милиони луѓе, како и зајакнување на својата позиција на косовскиот пазар.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,9%, а кај аутпутот е зголемен за 9,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2013, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 14%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6%.
Управата за јавни приходи очекува 200.000 граѓани да поднесат годишни даночни пријави во кои треба да ги пријават приходите кои дополнително ги оствариле во текот на 2013 година.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претстави својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Софија во периодот од 13-ти до 15-ти февруари.
Општините Гевгелија и Богданци ги прават завршните подготовки за едногодишниот проект што започнува во март за редуцирање на испуштањето неразградливи органски загадувачи и намалување на пластичната амбалажа со рециклирање.
Агенцијата за храна и ветеринарство го стави во функција бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 наменет за потрошувачите на кој 24 часа може да се пријавуваат неправилности од областа на безбедноста на храната
Целта на меморандумот е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и Ведел ИТ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства











