Железницата на Федерацијата Босна и Херцеговина ќе му го врати на хрватски Кончар нископодниот воз што го купија уште во 2008 година, а до денес не го платиле.
Фирмите во турска сопственост во Европската унија остваруваат приход над 50 милијарди евра и обезбедуваат 700.000 работни места, изјави министерот за европски прашања, Мевлут Чавушоглу, пренесува Заман.
Во градовите и општините на крајбрежјето е невозможно и не е добро да им се допушти на хотелиерите и угостителите да наплаќаат влез на плажите. Јадранските плажи не се африкански ресорти. Туризмот мора да се базира на симбиоза со локалната заедница.
Младите во Македонија по дипломирањето работното место го гледаат во јавната администрација, а само 10% се обидуваат да почнат свој бизнис. Состојба може да се промени ако младите своите идеи ги преточат во бизнис план и со субвенции од 5.000 евра почнат бизнис.
Производителите на традиционална храна ќе можат преку поднесување апликација да се регистрираат во Агенцијата со тоа што инспектори ќе ги посетат нивните мандри, бачила и ќе им укажат на минималните стандарди за исполнување во делот на инфраструктурата.
Институтот за стандардизација заедно со компанијата Раде Кончар контрактори и релеи во наредните шест месеци ќе спроведуваат проект за примена на стандарди и економските придобивки
Со вкупно 40 маркети, седум Космо дрогерии, повеќе од 1.200 вработени и над 15.000 различни производи, Тинекс прославува 20 години од своето постоење.
Вкупно 39 ловишта во 11 региони ќе бидат дадени под концесија. Јавниот повик веќе е во тек, а оваа година за прв пат при доделувањето на ловиштата ќе биде воведена електронска аукција со која ќе се избегне човечкиот фактор.
Македонија со проект вреден над 700.000 евра во следните три години ќе се подготвува и ќе гради капацитети за олеснето спроведување на трговијата со емисии на стакленички гасови.
Кратењето на работни места ќе биде спроведено глобално, до март 2015 година, а заштедите од ваквиот потег треба да се почувствуваат во финансиската 2015/16 година.
Успешното претставување на првото интервју за работа е клучно за добивањето на можност за започнување на кариера. Младите и покрај добрите квалификации од образованието, треба да се подготват добро за првото интервју за работа.
Утрово целосно изгоре горниот кат од конфекцијата Колор Д од Кочани. Пожарот избувнал додека работела првата смена во одделот за готови конфекциски единици.
Индустриското производство во Хрватска треба во периодот од 2014 до 2020 година да расте по годишна просечна стапка од 2,85%, во индустријата треба да се вработат преку 85.000 нови работници и да се оствари раст на извозот за 30%.
Пациентите повеќе ќе нема потреба да одат кај нивниот матичен лекар за да го донесат заверениот упат кој е креиран при итен преглед во установа од повисоко ниво. Тоа го предвидуваат најновите измени во услугата „Мој термин“.
Во категоријата големи компании, првото место го делат Црногорски Телеком и Монтенегро Старс хотел груп. Второто место го зазеде Требјеса пиварницата, а третото Оков.
За финансика поддршка во земјоделството, руралниот развој, рибарството и аква културата и програмата ИПАРД, земјоделците ќе може да се обраќаат во оваа канцеларија и да добиваат совети од колегите од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството.
Министерот Димовски истакна дека од вкупно 134 одобрени за 73 општини, три се во Ресен и дека овие проекти имаат за цел на некој начин да го подобрат животот на граѓаните во руралните средини со што би се спречила миграцијата на населението од овие краишта.
Кондиторската компанија Ferrero планира во Србија да воспостави Центар за производство на лешници, да започне сопствено производство на 1.000 хектари и да воспостави кооперантски односи со земјоделците на територијата на централна и јужна Србија.
На површина од 40 хектари, денеска започнаа градежни активности за изградба на новата технолошко-индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Ранковце.
Право на пријавување имаат сите студенти и дипломци на економски и правни науки кои ги исполнуваат критериумите за учество. Рокот за доставување на апликациите е 7 март 2014 г. Избраните студенти добиваат едногодишни стипендии за усовршување или стажирање.
Јавното претпријатије за државни патишта и оваа година ќе продолжи да работи на рехабилитација и инвестиција на регионалната патна мрежа во Источна Македонија.
Во периодот од 5 до 7 февруари оваа година, македонските компании ќе се претстават на Меѓународниот саем за свежо овошје и зеленчук Фрутлогистика во Берлин, Германија.
Црна Гора троши околу 10 милиони евра за увоз на риба и преработки, иако е приморска држава. Богата со природни ресурси за развој на оваа стопанска гранка, Црна Гора нема ниту една фабрика за преработка на риба, пишува Вечерње новости.
WeBSEFF II е дел од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, која отпочна да се реализира во декември 2013 година. Истата ќе се имплементира во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Хрватска и Македонија.