Ние во ХНБ (Хрватска народна банка) сметаме дека банките не би требало да ги користат еурибор и либор како референтни стапки, затоа што со тоа пренесуваат непотребен ризик на граѓаните, сметаме дека тоа е коцкање, предупреди Ведран Шошиќ, вицегувернер на ХНБ
Формирањето на банката за дијаспората би овозможила трансферите од странство во Србија да бидат насочени во инвестиции наместо за потрошувачка.
Најсовремен центар за онкологија и радиотерапија, инвестиција од 12 милиони евра, денеска е отворен во Клиничката болница Аџибедем Систина.
Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија, 50,1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.
Воспоставувањето на ред во паркирањето на Пониква, поставувањето на информативни табли се дел од мерките кои треба да се преземат од стана на општините Кочани и Пробиштип во создавањето на услови за развој на Пониква.
Како првата, така и втората хидроцентрала ќе биде изградена според утврдени стандарди без негативно влијание врз квалитетот на водата за пиење која ја користи локалното население.
Искуствата за корупција се разликуваат во сите 28 членки од блокот земји во ЕУ. Според извештајот, скоро сите компании во Грција, Шпанија и Италија веруваат дека корупцијата е распространета, а се смета за ретка појава во Данска, Финска и Шведска.
Цената порасна за 23% во 2014 година, за разлика од 1997 година кога имаше најниска цена.
Џенкинс можеше да добие бонус од 2,7 милиони фунти. Ова е втора година како се откажува од бонус откако стана извршен директор во август 2012 година, пишува Ројтерс.
Белата куќа им се обрати на некои од најголемите национални компании да помогнат во процесот на долгорочно вработување на невработените лица.
Зголемувањето за бројот на претставки од граѓани за ДЗЛП е знак дека е зголемена јавната свест за постоењето на правото за заштита на лични податоци, но и запознавање со механизмите кои граѓаните треба да ги знаат за пријавување на повреда на нивните лични податоци.
Oва за Хрватска ќе биде година на борба против работата на црно. Kазните за работодавците за работа на црно сега се движат меѓу 7.800 и 13.000 евра, а министерот за труд најави дека ќе се зголемат.
Центарот за развој на Североисточниот плански регион ќе добие над 7,2 милиони денари за 6 проекти од програмите за регионален развој.
Во следниот период ќе се иницираат засилени инспекциски контроли за заштита на правата на потрошувачите, особено во делот на јавните услуги и малопродажбата, како и формирање нов Совет за заштита на потрошувачи.
Штипското јавно претпријатие Штип проект, го реализираше Деталниот урбанистички план (ДУП) за изградба на новата фабрика за производство на каросерии за автобуси.
Рамковната конвенција за контрола на тутунот усвоен од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2003 година е штетна за тутунопроизводството во Македонија, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија.
Меморандумот е од интерес не само за земјоделците и ветеринарните доктори, туку од него придобивки ќе имаат и останатите граѓани, како трајни потрошувачи.
Француската компанија Renault го прекина производството на моделот Fluence ZE во погонот во Турција, поради лошата продажба и банкрот на партнерот кој ги доставуваше батериите, израелската Better Place.
Општина Дојран објави оглас за доделување на користење на јавни површини за поставување на времени објекти и сезонска опрема во локалитетот Граничен премин во Стар Дојран.
Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да можат да ги користат здравствените услуги.
Со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити студија јапонската Влада ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охриското езеро.
Србија во земјите од ЦЕФТА лани најмногу извезувала житарки, производи од нив, разни видови пијалоци, разни готови производи.
Министерството за економија првпат преку електронско наддавање додели 26 локации за детални геолошки истражувања. Вкупниот приход, што инвеститорите треба да го уплатат во рок од 30 дена е 35 милиони денари, од кои 27 милиони денари се за општините.
Нотарите и Катастарот на недвижности од Скопје, од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.











