Проектот за зајакнување на капацитетите на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги ќе биде презентиран денеска во Скопје.
Луксузниот хотел со пет ѕвездички добиениот мед ќе го служи за доручек на гостите. Поставени се три кошници, со по 10.000 – 15.000 пчели, а првиот мед се очекува во мај следната година.
Неквалификуваната работна сила е еден од предизвиците со кој се соочува текстилната индустрија, но главна пречка и предуслов за растот и развојот на малите и средни претпријатија се изворите на финансирање.
Собранието на Република Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука.
Oд ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизел горивото се намалуваат за два денари по литар.
ЕВН Македонија промовира нова услуга е-пункт со која на корисниците им овозможува да ги плаќаат фактурите за електрична енергија преку интернет со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
Британскиот банкарски гигант HSBC објави дека заедно со уште неколку банки е предмет на истрага за можно манипулирање во трговија со странски валути.
Владејачката кинеска Комунистичка партија во петокот им забрани на кинеските службеници да праќаат и печатат новогодишни честитки и календари со пари од државните фондови.
Од фондот ќе се финансираат проекти во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Минималните заеми ќе бидат 100.000 евра, а максималните пет милиони евра.
Од шести до деветти ноември ќе се одржи третиот Саем на турски извозни производи во организација на Меѓународната саемска организација Меридијен.
Компанијата која е во сопственост на Google, Motorola Mobility, го претстави проектот Ара - отворена хардверска платформа за правење на модуларни смартфони.
Балкан енерџи груп (БЕГ) викендов ја пушти во употреба новата опрема за гасификација на топланата Запад, во вредност од 700.000 евра.
Според најавата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, изградбата на новите автопати на делниците Миладиновци - Штип, во должина од 47 километри и Кичево - Охрид во должина од 56 километри, ќе започне од почетокот на идната година.
Стив Балмер, човекот што го замени Бил Гејтс во Microsoft, синоќа пристигна во Белград, каде што го дочека српскиот премиер Ивица Дачиќ, а попладне ќе го посети Загреб, каде што ќе разговара со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
Млечната компанијата Лакталис (Lactalis) на македонскиот пазар го лансираше првиот вистински индустриски кајмак – Президент Млад Кајмак.
Претседателот на националниот авиопревозник Туркиш ерлајнс, Хамди Топчу изјави дека компанијата е во преговори за преземање на авиокомпанија од Африка, но дека сопственоста ќе биде партнерство со таа компанија.
Почнувајќи од денес сите административни постапки предвидени во Законот за градење ќе се вршат по електронски пат.
Брендот Volkswagen Kомерцијални возила ја одликуваше компанијата Порше Македонија со престижното признание „Импортер на годината за 2012”.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со одржување најниски даноци во Европа и добра бизнис клима, Македонија и натаму ќе биде исклучително атрактивна за инвеститорите.
Изградбата на бугарскиот дел на гасоводот Јужен тек започна вчера. Бугарскиот дел од Јужен тек, долг 540 километри, ќе чини 3,5 милијарди евра. Проектот ќе го финансира руската компанија Газпром, пренесуваат бугарските медиуми.
Сите производители и увозници на храна од 1 јануари 2014 година ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.
Според информациите од двете компании, одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донесоа одлуки за одобрување за склучување спогодба за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком.
Нето платите на министрите се движат од 2.000 до најмногу 2.500 евра, додека Министерството констатирало дека некои челници на државни установи примаат и по 3.200 до 4.000 евра нето.
Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ најави дека програмата за економски амбасадори ќе биде укината и во тој облик веќе нема да биде стартувана.










