Во Агенцијата за супервизија на осигурување по повод Денот на осигурувањето денес ќе одржи свеченост, а Националното биро за осигурување ја организира Петтата меѓународна конференција Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски е задоволен со предвремен откуп на тутунот, иако не се откупени сите договорени количини.
Во првото тримесечје од 2013 година, 65,1% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 6,8 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Т-Мобиле Македонија денес објави дека ќе започне со продажба на iPhone 5s, најнапредниот паметен телефон на светот и iPhone 5c, најколоритниот iPhone до сега, почнувајќи од 1 ноември.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, изнесува 101.3.
Министерот економија Ваљон Сарачини посочи дека бројот на туристи во Република Македонија, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се зголемува за 12% секоја година.
За германските компании, кои се заинтересирани за соработка со македонските фирми, важен предуслов за инвестирање и водење на бизнис во Македонија е инфраструктурата.
Најголемиот произведувач на генерички лекови во светот, израелска Тева, објави вчера дека нејзиниот извршен директор Џереми Левин поднел оставка и дека привремено ќе го замени финансискиот директор Ејал Дешех.
Енергетската ефикасност е комплексна и мултидисциплинарна материја и за нејзино успешно спроведување во пракса неопходен е соодветен третман во законската и подзаконска регуалтива.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го престигна својот американски колега Барак Обама на листата на Форбс на најмоќни политичари на светот, заземајќи го првото место.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со кредит ќе суфинансира изградба на нови хидроцентрали во Босна и Херцеговина, чија проектирана моќност е 19,63 мегавати.
Словенечкиот државен фонд СОД вчера потпиша договор со Citigroup Global Markets Ltd. за советување при продажбата на 73% од Телеком Словенија.
Царинската управа во соработка со Интрасофт Интернешенел, вчера во Скопје официјално ги презентираше развојните активности на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) .
Во Македонски Бизнис Центар на Скопски саем, под мотото SMART prenuership за развој и напредок денес започнува манифестацијата Европски ден на претприемачот и Европска недела на мали и средни претпријатија во организација на Европска бизнис асоцијација.
Хрватската компанија Атлантик група во првите девет месеци оствари нето добивка од 25,4 милиони евра, што е дури 139% повеќе во однос на истиот период лани, покажува финансискиот извештај на компанијата.
За отпремнини и социјален пакет за вработените од ОХИС, Владата обезбеди 65 милиони денари, со што во целост се прифатени барањата на Синдикатот.
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го финализираше четвртиот преглед по одобрениот стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Како што соопшти ММФ, финализацијата на прегледот овозможува исплата на износ од околу 47,5 милиони евра.
Автомобилите произведени за моделската година 2013 и 2014 година ќе се повлечат поради потенцијално истекување на гориво некаде во системот за довод, што може да предизвика пожар.
Во рамки на саемот, утре ќе се одржи Регионален форум на кој министри за финансии и гувернери од регионот ќе дискутираат за причините за пораст на нефункционалните кредити и начините како да се подобри состојбата.
На барање на Владата на Република Македонија претставници на Кинеската влада престојуваа во Штип, со цел за да се запознаат со капацитетот на бањата Кежовица и можностите за вложување за развој на бањскиот туризам.
Се разработуваат механизми кои би спречиле банките да повлечат средства од ХНБ и да не ги насочат кон кредитирање на стопанството, туку со нив да решаваат некакви свои позиции, како што се случуваше претходно.
Тунелот Marmaray е дизајниран да издржи земјотреси со голема јачина. Цевката на тунелот се наоѓа на 60 метри под морската површина и турската влада тврди дека се работи за најдлабокиот тунел во светот.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера изјави дека предлогот за исплата на отпремнини на вработените на ОХИС, кој што доаѓа од синдиактот на вработените, ќе биде разгледан на владина седница.
Според податоците на Државниот завод за статистика индустриското производство во септември 2013 бележи пораст од 5,1% во споредба со истиот месец минатата година.