По повод Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври, Комерцијална банка АД Скопје ќе им отвори штедни книшки - Отворено детско штедење Верверичка, со износ од пет илјади денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31-ви октомври од 00:00 до 24:00 часот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната нето-плата во август годинава изнесувала 21.108 денари, додека месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец била 30.990 денари.
Гевгелија доби 25,6 милиони денари за реализација на два од трите проекти, со кои општината аплицираше на повикот за финансиска поддршка за развој на јавната инфраструктура.
Станува збор за услуга која ги интегрира сите бизнис функции за електронско сметководство, напредно финансиско, комерцијално и материјално работење базирана на cloud, наменета за сите компании, без разлика на големината и дејноста.
Владиниот предлог ќе ги штити интересите на должниците, а не на банките и ќе го трасира патот кон постепено укинување на хипотекарните кредити во странска валута во следните неколку години.
Во близина на дебарското село Гари денес ќе биде поставен камен-темелник за изградба на фабрика за полнење вода.
Хрватската фармацевтска компанија JGL ги презеде производниот погон, интелектуалната сопственост и опремата на српската фирма во стечај BG Pharm, а вредноста на оваа инвестиција, со планирано вложување и технолошко опремување, се проценува на два милиони евра.
Во хидроцентралата Шпилје кај Дебар, која е дел од Системот Хидроелектрани на Црн Дрим, остварено е поголемо производство на електрична енергија од планираното за 2013 година.
Согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија денес организира семинар на тема Пан-Евро-Мед Конвенција
По повод Меѓународниот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје во периодот од 28.10 до 02.11 организира Недела на штедење во која клиентите кои ќе отворат нов орочен депозит Мој план имаат на располагање специјална понуда.
Почнувајќи од утре па се до 7 ноември во Скопје ќе се одржат четири пилот обуки наменети за консултанти што ги организира Тимот за поддршка на мали бизниси на Европската банка за обнова и развој Македонија, во партнерство со ЕБОР Small Business Support Косово и Албанија.
Според проценката на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во третиот квартал македонската економија остварила раст, но сепак помал во споредба од вториот квартал (3,9%) и можноста од понатамошно монетарно олабавување не е исклучена.
Компанијата LG Electronics ги објави финансиските резултати според кои е забележан консолидиран приход од 12,51 милијарди долари.
Како што велат од Комората на извршители, извршителите годинава ќе ја заокружат со помалку реализирани предмети, а наплатата и натаму ќе се намалува.
Најголемиот дел од деловните субјекти во Македонија се запознаени со своите обврски согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, но речиси половина од нив не се членки на ниедна компанија колективен постапувач со отпад од пакување , покажува истражувањето спроведено за потребите на компанијата Пакомак.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес и утре ќе престојува во работна посета на Хрватска.
По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија по вторпат организира БанкЕкспо, заеднички саем на сите банки и штедилници од Македонија.
Корисниците ќе имаат бесплатен пристап до каталогот на музика и видеа, но ќе имаат можност за плаќање на “премиум” услуга, односно за 10 долари месечно да гледаат видеа без реклами.
Министерот за земјоделство Зоран Коњановски при вчерашната посета на општина Босилово изјави дека македонските винарници годинава ќе преработат 183 милиони килограми грозје или за 30% повеќе во однос на лани.
Надзорниот одбор на словенечката компанија Палома ја соопшти намерата на мнозинскиот сопственик ПДП, кој има 71% удел, дека ќе ја продава компанијата.
На осмиот јавен повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД програмата, поднесени се вкупно 402 барања, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Според изјавата на шефот на Регионалниот оддел за брзорастечки европски земји во Дирекцијата за Европа при Меѓународниот монетарен фонд, Бас Бекер, на Македонија и е потребен побрз и одржлив економски раст.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, а исто така поповолна и во однос на септември 2012 година.
Пелагониските пчелари денес се собраа на плоштадот Магнолија во Битола на 16-тата по ред манифестација Денови на македонското пчеларство.










