Србија и Црна Гора наскоро ќе потпишат договор за избегнување на двојно оданочување, како основа за продолжување на добрата економска соработка меѓу двете земји.
Аквизицијата на Dr. Martens значи уште едно силно име во портфолиото на Permira. Приватниот фонд веќе има инвестиции во брендовите Hugo Boss, Cortefiel и New Look. Минатата година, Permira го продаде луксузниот бренд Valentino на Катарскиот фонд.
Почнувајќи од 1 јануари 2015 година ќе бидат воведени нови правила за потекло на стоки кон ЕУ, Турција, ЕФТА, ЦЕФТА, земјите од Барселонскиот процес, Јордан, Израел, Египет, Тунис, Мароко, Палестина, и од регионот, Албанија, БиХ, Хрватска, Србија и Косово.
Најмали плати во земјите од регионот земаат Македонците, Албанците и Србите, додека највисоки просечни плати имаат граѓаните на Хрватска, земја која годинава влезе во Европската унија, вели спроведеното истражувањето на агенцијата Анадолија.
Двата македонски бренда Тинекс и Млекара АД Битола заедно донираа 30 кревети и 30 душеци за потребите на ДСУ за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски.
Меѓу оние кои се интересираат за земање под концесија е и големата американска финансиска куќа JPMorgan, која покажува интерес и за хрватските автопати, па би можело да се случи двете инфраструктури да дојдат во рацете на ист концесионер.
Сопственикот на Раденска, Пивоварна Лашко, очекува компанијата да биде продадена во првата половина од следната година, а првите понуди ги очекуваат во ноември.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски информираше дека на 15 ноември ќе биде објавен последниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ повторно ја доби наградата за социјално посветена компанија, од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика, Socialbakers.
За време на работната посета на Кина, претседателот Ѓорге Иванов се сретна со менаџерскиот тим на Кинески железници и со Dongfang Electric Corporation, кои пак изразиле желба да инвестираат во Македонија.
Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ изјави дека најмалку 20% до 30% од вкупно 100.000 работници во претпријатијата што треба да се реструктуираат најверојатно ќе останат вишок.
Пезосот е околу 25 пати послаб од конвертибилниот пезос и главно го користи локалното население. Конвертибилниот пезос е врзан за доларот и најчесто го користат странските туристи.
Македонија-Експорт Консалтинг во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста денес ќе го промовира Tip of the Week, прирачник за личен и професионален развој, единствен од ваков вид во Македонија.
За да ги заштити потрошувачите и регистираните произведувачи, владата предложи закон со кој се ограничува служење на рефус вино во угостителските објекти, се прошируваат овластувањата на инспекторите и се зголемуваат казните.
Темата на денешниот втор Француско-македонски бизнис форум, што ќе се одржи во Француската Резиденција во Скопје, е Економската дипломатија во служба на француските и македонските претпријатија.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува програма за кредитирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во регионот за Западен Балкан, WeBSEFF 2, вреден 75 милиони евра.
Во Охрид денес ќе се одржи состанок по повод почетокот на проектот Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион.
Во Индустриската зона Жабени вчера беше поставен камен темелник на новата фабрика на грчкиот инвеститор Костас Ницопулос.
Откако одлуката на Facebook на своите страници повторно да постави видео снимки со насилна содржина предизвика полемика, компанијата реши таквите снимки да ги проследи со пораки за предупредување.
Поради загуби од 300 милиони евра годишно, српската влада бара итна акција против сивата економија во нафтената и тутунската индустрија.
Магазинот Rolling Stone, еден од најпрепознатливите и највлијателните музички магазини, од минатата недела е достапен и на хрватски јазик.
Apple вчера во Сан Франциско претстави низа нови производи, но ѕвезди на претставувањето беа новите модели на iPad – iPad Air и iPad mini.
Извозниците на брашно од Србија повторно се соочуваат со потешкотии при извозот на стока во Македонија, а проблемот овој пат настанал поради контролните маркици, пренесуваат српските медиуми.
Бербата на грозјето во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија, Тиквешко, заврши, а дел од винариите веќе почнаа со исплата на грозјето, информираше Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци.