Од сега, широкопојасниот интернет, услугите во фиксната и мобилната телефонија и ICT услугите ќе бидат под еден “чадор” бренд Телеком Словенија.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денес го означи стартот на третата фаза од проектот Санација и зајакнување на мостови на Коридор 10.
Списанието Manager, кое секоја година ја објавува листата на најбогатите луѓе во Словенија, вредноста на неговиот 60% удел во Студио Модерна ја проценува на 460,4 милиони евра, што е 12% повеќе од лани.
Компанијата за здрава храна Виталиа организира бесплатно советување кое ќе се случува во продавницата здрава храна на Виталиа, лоцирана кај Клинички центар на улица 50-та дивизија бр 16, секои среда и петок од 12 часот.
На 15 и 16 ноемвери во НУБ Св. Климент Охридски во Скопје по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Стипендии ЕКСПО, во организација на Образовниот информативен центар од Скопје
Оваа година покровител на хуманитарната претстава ќе биде компанијата ОКТА, која на 15 ноември ќе собере на едно место повеќе од 700 дечињата од различни посебни основни училишта и институции.
При своите редовни контроли Мобилните екипи на Управата за јавни приходи изрекоа времена мерка затворање и парична глоба за вкупно 58 објекти.
Американскиот ланец на брза храна, Burger King, најави дека се враќа на францускиот пазар, откако во 1997 година ги затвори своите 39 ресторани во Франција поради неисплатливост.
Хрватската радиотелевизија (ХРТ) во првите девет месеци оваа година остварила нето добивка од 9,7 милиони евра, што е примарно последица на рестриктивната трошковна политика и спроведување на мерки на штедење во сите сегменти на работењето.
Во Метрополис арената на Скопски саем денес започнува третиот Саем на турски извозни производи што го организира Меѓународната саемска организација Меридијен и Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО).
Банките кои работат на бугарскиот пазар ќе бидат подложени на стрес тестови од Бугарската народна банка (БНБ) најмалку еднаш годишно.
Првото место на листата 15 најголеми извозници од Србија во првите девет месеци годинава го зазема компанијата Фиат автомобили Србија, со 1,28 милијарди евра, објави Министерството за финансии.
Претставници од Македонско-бугарската стопанска комора и Советот за развој на источниот плански регион денес ќе остварат средба каде ќе се дискутира на повеќе различни теми
Според последната проценка на Европската комисија (ЕК), македонската економија во 2013 година ќе оствари раст од 2,1%.
Европската унија почнува со реализација на проект за зајакнување на административните капацитети на двете регулаторни тела во државата (АЕК и СРД ), кој ќе се спроведува во следните 18 месеци.
Шеснаесет македонски фармери до 16-ти ноември ќе посетуваат обука насловена Стекнување стручно образование за управување со земјоделски кооперативи, во Холандија.
Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2013 година, во споредба со септември 2013 година, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2013 година, изнесува 3.085.397 илјади долари, а на увозот 4.780.933 илјади долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 се издадени 121 одобрение за градење што е за 54,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во салонот на Порше Македонија деновиве пристигна луксузната лимузина - Bentley Mulsanne. Станува збор за најновата изведба на овој модел од Grand Tourer класата, најверојатно и единствената лимузина од овој тип на Балканот.
Имало случаи кога млади креативци барале работа преку билборди, кога испраќале духовити и сликовити биографии, но она што го направи аниматорот Роби Леонарди е навистина инспиративно.
Google во следните неколку години ќе инвестира дополнителни 450 милиони евра во дата центар во Хамина, на југоистокот на Финска. Со тоа вкупната инвестиција во овој центар ќе достигне 800 милиони евра.
Во рамки на проектот Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост, поддржан од ЕУ програмата – Европа за граѓаните, денес во Скопје ќе се одржи Панел дискусијата за влијанието на генетски модифицираната храна (ГМО) врз младите.
Овој проект има особено значење во однос на економијата и екологијата, затоа што граѓаните ќе можат побрзо да дојдат до своите работни места, со помалку застои, а сето тоа ќе резултира со помала количина издувни гасови.










