Компанијата Blackberry соопшти дека својот нов производ, мобилниот телефон Z10 нема да го продава во Јапонија. Со овој потег најави и повлекување од оваа земја.
Турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс ќе престане да служи алкохолни пијалоци во бизнис класата во текот на домашните летови, освен на шест одредени дестинации. Како причина за тоа ја наведуваат слабата побарувачка.
Денес во Скопје ќе бидат доделени првите електронски картички за превоз на опасни материи.
Проблемот со имиџот ги тера германските туристи да бараат алтернативни туристички дестинации, како што се Турција, Италија или Шпанија.
Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено. Oва денес го изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Оние граѓани кои ќе сакаат да започнат бизнис во руралните средини на Македонија ќе добијат финансиска поддршка од Владата во висина од 50% од трошоците за започнување бизнис.
Њујорк Тајмс минатата година за прв пат остварил поголеми приходи од своите читатели, односно од продажба на печатените и онлајн изданијата, отколку од маркетингот.
Еден просечен Данец за еден час работење може да заработи до 25 евра, додека за истото време Македонецот заработува само 2,5 евра, што во споредба е за 10 пати помалку.
Авиокомпаниите US Airways и АМR се се поблиску до договор за спојување вреден 11 милијарди долари, а официјалната објава би можела да се случи во рок од една недела, пренесува Ројтерс.
Претставници од Федерацијата на фармерите на РМ ќе престојуваат на студиски престој во Унгарија каде што ќе се сретнат со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството во Унгарија.
Рено повика преку 60.000 сопственици на возилата Кoleos во Кина да дојдат во овластените сервиси поради детектирани проблеми со сензорите кои го следат нивото на гориво.
По информациите дека во млекото на хрватските млекопроизведувачи Дукат и Виндија се пронајдени опасни канцерогени материи, во неколку земји од регионот овие производи се повлечени од пазарот.
Последните 20 години, бројките велат дека количината на домашното извезено вино постојано расте, а 2011 беше забележана како рекордна по пласманот на вино на странските пазари.
Оценката на раководителите на деловните субјекти е дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Во периодот јануари-декември минатата година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 5,345 милијарди денари, што е за 111,8% повеќе во споредба со истиот период од 2011.
За високорангираните менаџери и извршни директори се предвидени казни затвор во траење од пет години доколку се утврди дека ја занемариле должноста на подрачјето управување со ризици и им дозволиле на компаниите да завршат во финансиски тешкотии.
Право на извоз во Руската Федерација остварија два објекти на Виндија и по еден на ПИК Врбовец, Беље, Кока и Перутнина Птуј – Пипо.
Американскиот дизајнер Марк Џејкобс ќе ја има улогата на креативен директор на Diet Coke за 2013 година.
Бугарските приватни образовни институции, од областа на училишно и предучилишно образование, од училишната 2016/2017 година ќе можат да сметаат на државно суфинансирање, одлучи бугарското Собрание.
Преку дискусија беше разгледуван најголемиот проблем на кој наидуваат фирмите денес, а тоа е како да си ги наплатат продадените услуги и производи. Со овој проблем најмногу се соочуваат микро и малите фирми во Македонија.
Македонија за четири пати го зголеми извозот на грозје на рускиот пазар и со тоа го зазеде 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје, се вели во бизнис порталот Росинвест.
Според неофицијаните информации три осигурителни компании доставиле понуди на тендерот на Македонски пошти, откако пожарот уништи дел од главната зграда во Скопје.
Словенечката влада е подготвена без ограничувања да ги продава државните удели во повеќе компании, од кои инвеститорите би можеле да бидат заинтересирани за фармацевтската компанија Крка, осигурителната Позаваровалница Сава и претпријатието за управување со автопатишта ДАРС.
По барање на Управата за јавни приходи Основниот суд донесе решение за отворање на стечајна постапка, за керамичката индустрија Киро Ќучук од Велес, додека за стечаен управник назначен е Ацо Петров.