На барање на Врховниот суд на Индија Индиското регулаторно тело СЕБИ ги замрзна сметките на компаниите на милијардерот Субрата Рој Sahara India Real Estate и Sahara Housing Investment,поради тоа што измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале.
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека градежната компанија Конструктор оди под стечај, а одговорноста за тоа ја адресираше на сопственикот и менаџментот на фирмата.
Во СМАРТ центарот на Факултетот за информатички науки и Компјутерско инженерство (ФИНКИ) денес свечено ќе биде отворена NOKIA лабораторијата за мобилни технологии.
Стапката на невработеност во Босна и Херцеговина достигна рекордно ниво и според последните достапни статистички показатели изнесува дури 44,4%, објави Агенцијата за труд и вработување на БиХ.
По повод празнувањето на денот на лозарите, Св. Трифун Државниот завод за статистика соопшти дека во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза во Република Македонија се во благ пораст.
Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, зафаќа 16,2% од територијата на Република Македонија.
Германското обвинителство соопшти дека ја проширува истрагата за наводни манипулации со берзански акции на германскиот произведувач на спортски автомобили Порше.
Се очекува 2013 година, со 11,6 милиони продадени автомобили да биде најлоша година за продажба во Западна Европа по 1993 година.
Денес во Скопје свечено ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција.
Банка на Словенија се уште официјално не ги објавила податоците, но судејќи според декемвриските отписи, минатогодишната загуба на словенечкиот банкарски сектор досегна рекордни 600 до 650 милиони евра, пишува словенечки Финанце.
Германскиот “направи сам” (do it yourself) синџир Практикер АГ ги затвора своите продавници во Турција и се повлекува од земјата.
Денес во Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи јавна расправа за предлог листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.
Во рамките на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија утре во Тетово, во хотел Лирак, со почеток во 15 часот ќе се одржи првиот модул од втората генерација на Програмата за претприемачи.
Кроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.
Минатата година Македонија ја посетиле за 2,5% повеќе туристи од 2011 година.
Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.
Корисниците на Family, Family + и Family Маx отсега ќе разговараат неограничено во најголемата мрежа на T-Mobile и T-Home корисници и ќе испраќаат неограничен број на СМС во рамките на семејството.
Целта на првата кооператива за трговија со млеко Милкооп е подобро искористување на потенцијалите во примарното млекопроизводство преку здружување на фармерите.
Во Босна и Херцеговина се подготвува приватизација на БХ Телеком и на двете електростопанства. Акциите на овие три компании што се во мнозинска сопственост на државата, според планот би требало да се продаваат на берза.
Делегација од Прилеп, заедно со стопанска делегација од истиот регион, престојува на дводневна работна посета во Турција.
Вториот модул од Тренинг програмата за наплата на побарувањата на CEED Македонија и EOS Матрих ќе се одржи утре, среда, во просториите на CEED Македонија.
На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд Финдус, потврдија инспекциски контроли.
Ford B-MAX е изгласан за AUTOBEST 2013 на 12 по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди, што се одржа пред осум дена во главниот град на Грција.











