Францускиот магазин France Football предизвика бурни реакции со текстот објавен на 20 страници, во кој го обвинува Катар дека го купил Светското првенство во фудбал 2022 година.
Според податоците на државниот завод за статистика индустриското производство во декември минатата година, во однос на декември 2011, е намалено за 8%.
Иако е малку веројатно дека некој сам ќе се пријави дека земал поткуп, за што ќе добие пет години затвор и парична казна, во даночната управа тврдат дека рубриката е воведена држејќи се за Законот за данок на личен доход на претпријатијата.
Две игри на македонската компанија Sеavus си обезбедија место во десетте најдобри мобилни и on line игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри, на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver.
Со завршувањето на тенискиот турнир во Мелбурн изминатиов викенд, познатиот француски моден бренд Lacoste го продолжи својот договор со Tennis Australia на уште пет години соработка.
Бројот на кинески ресторани во Загреб е скоро преполовен, а ресторанот на Чен е еден од “преживеаните”. Според неговите зборови, од некогашни 17, сега работат само 10. А ни тие не работат добро. Причина за тоа е главно кризата
Грците регистрираат фантомски фирми во Бугарија, земаат бугарски пасоши и ставаат бугарски таблички на своите автомобили. Ова се “мерките” што ги преземаат за да ги избегнат високите даноци во својата земја, пишуваат бугарските медиуми повикувајќи се на репортажи од грчки телевизии.
Turkcell го смета Косово за стратешки пазар преку кој може да се шири во останатите околни балкански земји кои имаат блиски културни врски со Турција.
Вчера во населбата Илинден свечено беше отворена нова филијала на Halkbank, во присуство на главниот извршен директор на банката, Неџдет Палакчи и градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски.
Денес на Попова Шапка телекомуникацискиот оператор Оne го најави стартот на вториот Инстаграм фото конкурс, во присуство на претставници на медиумите и десетина корисници на популарната мобилна апликација.
Според извештајот што го објави Global Web Index, Google+ во моментов се наоѓа на второто место на листата најпопуларни друштвени мрежи, според бројот на корисници.
Веќе се распишани тендери за продажба на 85,9% од издавачкото претпријатие Побједа, 62% на Контејнерскиот терминал на пристаништето Бар, Медицинскиот институт во Игало и Тутунскиот комбинат во Подгорица.
Јапонските власти сметаа дека батериите се причина за проблемите во дримлајнерите што ги поседува јапонскиот авиопревозник. Сега вниманието е насочено кон електричниот систем што го регулира полнењето, напонот и температурата на батеријата.
Според последните податоци на Управата за јавни приходи новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави помина успешно.
Руската државна компанија Газпром би можела да биде заинтересирана за купување на удел во нафтената компанија Ина, доколку хрватската влада се одлучи да ги продаде своите акции.
Здружението на жени кои функционираат во рамките на компанијата ОКТА, во соработка со Црвениот крст на Скопје, поттикнаа хуманитарна акција.
Фирмите и граѓаните не можат на банките да им вратат преку 2,7 милијарди евра, односно една петтина од одобрените заеми, покажуваат последните податоци на Народна банка на Србија (НБС).
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска денес ќе ја промовира новата електронска продавница Се за жена www.sezazena.com.
Просечната цена на становите во Бугарија, не сметајќи ги цените во новоградба, како ни луксузните објекти, опадна за 1,4% во 2012 на годишно ниво. Во Хрватска, на најголемиот и најдинамичен пазар, загрепскиот, понудата и побарувачката за станови паднаа во просек за 10%.
Катар Холдинг е заинтересирана за инвестирање во ски центарот Попова Шапка и за изградба на голем спа комплекс преку добивање на концесија за термоминерална вода.
Повикот на ЕК трае до 8 мај 2013, а комората веќе спроведува информативни денови и обуки за процедурите за аплицирање и за подготовка на проекти. Досега интерес пројавиле над 70 домашни компании.
На последната седница на Комисијата за хартии од вредност Комерцијална банка доби согласност да стекне акции во Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, чиј вкупен кумулативен износ надминува 50%.
Независното европско здружение за испитување на возила Euro NCAP ги прогласи Fiat 500L и Ford B-Max за најбезбедни возила во класата на мали повеќенаменски возила за 2012 година.
Oд 24 до 27 овој месец во Истанбул, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беа претставени туристичките потенцијали и можности со кои располага Македонија.










