Од Бирото за вработување во Прилеп информираат дека во периодот од пет години на спроведувањето на владините програми за поттикнување на вработувањето, во Прилеп со можностите за самовработување преку кредитирање, се вработиле 500 луѓе.
Полицијата и правосудните тела во Босна и Херцеговина отворија повеќе истраги за можно перење пари во 2012 година, под претпоставка дека на тој начин во легалните финансиски канали се уфрлени најмалку 15 милиони евра со сомнително потекло, пишува Дневни аваз.
Владата на Република Македонија најави дека ќе даде целосна поддршка за отворање на специјализирани продавници, кои што ќе се занимаваат со продажба на македонски вина во повеќе поголеми македонски градови, во туристичките центри, во хотелите, на граничните премини и аеродромите.
Според податоците што денес ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2012 се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 5,3% на годишно ниво.
Арапската компанија ќе има 80% удел во овие комбинати, додека Србија 20%. Од оваа зделка, во српскиот буџет ќе има прилив од 100 милиони евра.
Вкупно 906.871 патници биле регистрирани од аеродромите во Македонија лани, што претставува пораст од 8,7% во однос на бројот на патници 2011 година, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Среќно поле е името на новата наградна игра што ЕВН Македонија ќе ја организира за своите редовни плаќачи. Најсреќните корисници ќе можат да добијат вредносен ваучер во вредност од 6.000 до 100.000 денари.
Владата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за данок на доход на физички лица, со кои е предвидено зголемување на стапката на оданочување на плати повисоки од 400 евра.
Планот е да се пробијат два тунели низ планината Иван во правец кон Мостар, преку кои ќе дојде свеж воздух во сараевската котлина.
Во хидроелектричната централа Шпиље кај Дебар, која е дел од системот на хидроцентралите Црн Дрим, минатата година се произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија.
На банкнотата од пет евра, која во еврозоната ќе биде пуштена во мај, ќе биде печатен текст и на кирилица.
American Express објави дека до крајот на оваа година ќе отпушти 5.400 луѓе од вкупно 63.500 вработени.
Федерацијата на фармери (ФФРМ) заедно со своите членови деновиве реализира средби со сточарите и земјоделците низ Македонија.
Според Договорот за стабилизација и придружување, од јануари 2014 година Србија мора својот пазар скоро во потполност да го отвори за непречен увоз на земјоделско-прехранбени артикли од земјите од Европската унија.
Турската медицинска компанија Матек ќе инвестира 15 милиони евра во Македонија. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ - Бунарџик, а се планира вработување на 300 лица.
Сите корисници на при-пејд картички, кои досега не ги регистрирале своите броеви, се уште имаат можност тоа да го направат кај своите мобилни оператори, соопшти денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Државниот завод за статистика денес објави дека минатата година во ноември биле издадени 232 одобренија за градење, или за 3,3% помалку во однос на истиот месец 2011 година.
Продолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, Отворено со катастарот, преку која граѓаните можат да остварат средби со стручни тимови на Агенцијата, преку кои би се решиле нивните проблеми од областа на катастарот.
Шведскиот моден гигант H&M годинава ќе влезе на српскиот пазар, а првата продавница ќе биде отворена на есен.
Минатата година преку електронско јавно наддавање општина Илинден продаде 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни.
Топ менаџерите на телекомуникациските компании во рамките на Европската унија разговараа за создавање на пан-европска инфраструктурна мрежа. Целта е да се обединат фрагментираните национални пазари на континентот, пишува Фајненшал тајмс.
Според заедничкото годишното истражување спроведено од американската фондација Heritage и весникот Wall Street Journal, Македонија се најде на 43 место на табелата најслободни економии во светот.
Во Бугарија работат околу 2.500 грчки компании, додека во останатите земји на Балканот нивниот број е 5.000, пишува Катимерини. Грчките компании ја бираат Бугарија поради нискиот данок од 10% и евтината работна рака.
Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија констатира дека движењата во економијата во државава, од аспект на монетарната политика и натаму се релативно поволни.