Возачот е сместен напред, на средина на кабината, а патниците од страна зад него. Таблата со инструменти е составена од три прегледни и лесно пристапни екрани чувствителни на допир.
Хитроу, најзафатениот аеродром во Европа планира да откаже најмалку 10% од денешните летови, откако беа приземјени 260 авиони. Во Франкфурт беа приземјени 294.
На најголемиот Нордиски саем за патувања и туризам МАТКА што се одржа во Хелсинки од 16 до 20-ти јануари, се претставија и тур оператори од Македонија.
Гејтс откри дека дури 95% од своето богатсво во следните неколку години ќе ги донира во хуманитарни акции. Со тие пари сака да ја искорени детската парализа и да се овозможи пристап до вакцини против оваа тешка болест.
Обожавателите на висококвалитетни автомобили по атрактивни цени, сега имаат уште една причина за радост - во салоните на Porsche Macedonia пристигна најновиот член на семејството на ŠKODA - новиот ŠKODA Rapid.
Претседателот на советот на општина Кавадарци вчера соопшти дека првите готови производи, електрични кабли за мерцедес C класа, од германската фабрика на Дрекслмаер во Кавадарци започнаа да се извезуваат.
Турски инвеститори од компанијата НеСа Енерџи и градоначалникот на Богданци, Ристо Ичков, денес потпишаа писмо за намери што ќе ја конкретизира соработката за градење ветерни турбини во општината.
Уште еден нов производ на македонскиот пазар, млекарницата Идеал Шипка лансираше јогурт со 3,5% масленост, произведен од млеко од домашно потекло, без адитиви, направен според традиционален рецепт.
Според магазинот Global Finance Комерцијална банка АД Скопје е оценета како најдобра банка во Македонија за девизно работење за 2012.
Екслкузивни чевли од брендовите Prada, Gucci и Louis Vuitton, кои во Европа чинат од 300 до 1.500 евра, се произведуваат и во Србија. Горните делови од обувките ги изработуваат српски работници во фабриките Progetti во Владимирци, Сомбор и Вршац, пишува 24 сата.
Во средата во просториите на ЦЕЕД Македонија беше одржан првиот модул од Претприемничката Програма за Финансии на кои беа обработувани темите Финансии и Финансиски Менаџмент и Финансиска Анализа.
Порталот Mashable излезе со податоци дека во 2012 електронска пошта користеле 2,2 милијарди луѓе, во виртуелниот простор имало 634 милиони веб сајтови и биле регистрирани 246 милиони домени.
Оваа група компании за девет месеци направиле загуби од 34 милиони евра, што е катастрофа во однос на истиот период 2011 година, кога фирмите за државата заработиле 76,4 милиони евра.
Јапонскиот произведувач на електроника Sharp, преговара со кинеската компјутерска компанија Lenovo за здружување на силите во производство на телевизори, пренесуваат јапонските медиуми.
Грчкиот Парламент одобри започнување на кривична истрага против поранешниот министер за финансии Јоргос Папаконстантину за вмешаност во скандалот со Лагард листата.
Во основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Скопје денес ќе се доделат сертификатите за обуките за професионален развој и женско претприемништво.
Популарниот козметички бренд Нивеа ќе го менува графичкиот дизајн на производите за нега на лице и тело и ќе им се врати на визуелните корени – бели букви на син круг.
Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија, кој наскоро ќе заврши, се одвива без проблеми и според предвидената динамика. Привршува и откупот на...
Турскиот аеродромски оператор ТАВ, заедно со мнозинскиот акционер Aéroports de Paris (ADP), планира да аплицира за правата да работи со аеродромот Ла Гвардија во Њујорк.
Сите правни и физички лица кои имаат непријавен недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот, истата можат да ја пријават до 31 овој месец, согласно со член 29 од Законот за даноци на имот, известува Град Скопје.
Во рамките на својот ненаменски потрошувачки кредит, Премиум СМАРТ, ТТК Банка АД Скопје воведе промени и новитети
Хрватски Плинакро и руски Газпром, денеска во Загреб потпишаа План на активности за спроведување на проектот градење на крак на гасоводот Јужен тек на територијата на Хрватска.
Американските, јапонските и индиските власти одлучија привремено да ги забранат летовите на Boeing 787 Dreamliner по повеќе инциденти, што претставува тежок удар за американската компанија.
Претседателот на извршниот одбор на Ерсте група, Андреас Трајхл ја потврдил намерата велејќи дека чекаат одговор од австриската банка и доколку понудата не биде прифатена, имаат резервен план за ширење во Србија.