Aпликацијата Bee Clever на Игор Христов, Герчо Атанасов, Марија Петрушевска, Љупчо Јовановски, која претставува уникатен концепт за рана едукација на деца преку забавни игри е прогласена за најдобра апликација на конкурсот Vip Македонски предизвик.
Вкупно девет компании од земјоделскиот сектор искористиле вкупно 2,8 милиони евра од кредитот што го пласира Македонската банка за поддршка на развојот. Во фаза на одобрување се нови четири барања во вкупен износ од 800.000 евра, информираат од банката.
Францускиот министер за обнова на индустријата, Арно Монтбур, за весникот Les Echos изјави дека повеќе не го сака челичниот гигант Arcelor Mittal во Франција и дека бара индустриски партнер кој привремено би го презел работењето на оваа група.
Во организација на Синдикатот за транспорт и врски денес во Скопје ќе биде промовиран прирачникот за обука за родово организирање Силни жени во транспортот, на македонски јазик.
Бугарската компанија Булгартабак испрати писмо со намери во кое е наведено дека се заинтересирани за купување на фабриката за тутун Бања Лука и дека ќе направат квалитетна социјална програма.
Волфганг Шојбле е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година, според изборот на The Financial Times (FT).
Викенд предавањата на Академијата за менаџери започнаа со првиот модул од програмата Стратешки менаџмент Стратешко менаџирање на МСП (мали и средни претпријатија): градење одржлива конкурентна предност.
Домашниот онлајн маркет MarketKonekt се проширува и на пазарот во Бугарија. Отсега домашните компании добиваат единствена можност за олеснета интернет трговијата не само со македонските, туку и со бугарските купувачи.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија во петокот се одржа настан под мотото Подигнете го вашиот бизнис на сосема ново ниво. Настанот беше организиран од охридската фирма Инфо Биро во соработка со GS1, Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите и надворешниот соработник Pantheon Group од Словенија.
Во индустриската зона Јалшевац, Јастребарско, во близина на Загреб, отворен е првиот DataCross центар за податоци, единствен од таков вид во регионот.
Швајцарската влада соопшти дека ќе се одржи национален референдум за контроверзното прашање – даночни олеснувања што ги имаат странците во оваа земја.
Македонија се најде на 23 место според последната ранг листа на Дуинг бизнис (Doing business) пренесува угледниот весник Фајненшл Тајмс (Financial Times), во сторијата која беше објавена на блогот на весникот, насловена Macedonia: Doing Business?
Паѓа цената на недвижнини во Словенија, покажуваат податоците од последниот квартален извештај на словенечката државна геодетска управа (ГУРС).
Хрватската фармацевтска компанија ФармаС започна со производство на лекови во новоотворената фабрика во Зрењанин. Во фабриката има лабораторија за испитување на квалитетот на лековите, потполно автоматизирано производство и магацински, техники и канцелариски простории.
Македонската компанија Макпрогрес воведе нови производи во својот асортиман. Линијата Сончева Долина е збогатена со производи од соја. Овие производи се појавуваат како суб бренд од Сончева Долина – Soya Sun.
Индиската компанија Сахара Индија Паривар, во Македонија ќе го реализира проектот Сахарајан Македонија. Проектот ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди.
Во рамките на проектот кој е со цел воспоставување на професионално одржливи и ефективни релации меѓу Собранието на Р. Македонија и Државниот завод за ревизија, денес во Скопје ќе се промовира прирачникот Вовед во ревизорските извештаи.
Освен категоријата топ менаџери, кои во просек имаат 107% повисока плата во однос на просекот, најплатени се работните места во телекомуникациите (+53%), а потоа во областа на технологијата и развојот (+45%).
Американската банкарска компанија Citigroup ќе затвори 21 од вкупно 37 филијали во Грција. Како причина за тоа ја наведува рецесијата што ја погоди оваа земја.
Првото кино Синеплекс во Македонија ќе биде вечерва отворено во Сити мол. Посетителите ќе можат да уживаат во двојната премиера на најновиот филм од серијалот со Џемс Бонд, Небесен пад (Skyfall) како и во 3Д авантурата, Животот на Пи (Life of Pi).
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би требало до крајот на годината да ја деблокира новата транша помош за Босна и Херцеговина во рамките од планот за помош од 405,3 милиони евра одобрени за оваа земја во септември, објави седиштето на фондот во Вашингтон.
Турската компанија за телекомуникации Турк Телеком објави дека дала неофицијална понуда да ги купи бугарските мобилни компании Космо Бугарија Мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денес го организира првиот инфо – ден.
Во индустриската зона Мали Бајмок, до следната пролет ќе биде завршен погонот на италијанската текстилна индустрија Calzedonia. Веднаш потоа ќе започне изградба и на погон на австрискиот произведувач на накит, Swarovski.










