Сликите, насловите и битните работи ќе бидат многу поголеми од претходно. На аголот на десната страна на News Feed се наоѓаат табови кои ќе ви овозможат да одредите како сакате да ги гледате новостите што се појавуваат.
Во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата Македонија е рангирана на 75 место, односно едно место погоре од минатата година.
Британскиот магазин Times Higher Education ја објави годишната класификација на најдобрите универзитети во светот за 2013 година според репутацијата што ја уживаат, 2013 World Reputation Rankings.
Јужнокорејскиот авиопревозник Korean Air потврди дека предал официјална понуда вредна “неколку милиони долари” за 44% удел во чешкиот Czech Airlines (CSA).
Данскиот произведувач на пиво Carlsberg објави дека дал понуда за делумно преземање на кинеската пивара Chongqing Brewery Company (CBC), чија вредност се проценува на 461,49 милиони долари.
Откако беше пронајдено зголемено ниво на фекални бактерии во чоколадни колачиња од шведска ИКЕА, здравствените власти во Кина конфискуваа близу два тона од пратката.
Yahoo продолжува со кратење на трошоците, а во овој бран се опфатени помалку профитабилните сервиси на компанијата. Ќе се укинуваат седум сервиси коишто не носат резултати какви што се очекуваат.
Лидерот на мексиканскиот нарко картел Синалоа, Хоакин Гузман Лоера алијас El Chapo Гузман е изоставен од овогодишната листа на најбогати луѓе во светот на американскиот магазин Форбс.
Жетвата во Виетнам, најголемиот произведувач на кафе од видот робуста, ќе потфрли оваа сезона поради големата суша. Лоши вести доаѓаат и од Бразил, каде поради лошото време се очекува пад на производството на кафето арабика.
Mitsubishi Motors одлучи светската премиера на концепт возилото G4 Compact Sedan да го претстави на меѓународниот саем за автомобили во Тајланд, што треба да се одржи на крајот на овој месец.
Land Rover следната недела на Женева Мотор Шоу 2013 ќе ја прикаже својата иновација, првиот девет-брзински автоматски менувач во светот.
Невладините организации ја обвинуваат компанијата за непочитување на етичките норми, особено во поглед на вработување на деца помлади од 16 години, како и кршење на прописите за безбедност при работа во фабриките на кинеските снабдувачи.
Според адвокатите на потрошувачите, Anheuser-Busch кај неколку видови на пива, вклучувајќи го и Budweiser, навел поинаква содржина на алкохол од онаа што всушност ја содржи. Тужбата не се заснова на никакви тестови или испитувања, туку на изјави на поранешни вработени.
Пребарувачот Mozilla објави дека ќе претстави мобилни телефони кои работат на оперативен систем Firefox. Firefox OS со конкуренцијата ќе се натпреварува под маркетиншко лого “Пуштете ја лисицата”.
Yahoo на своите вработени им ја укина можноста да работат од дома. Ваква одлука донеле затоа што сметаат дека со работа од дома се губи продуктивоста.
Твитер апелираше до своите корисници да избираат посилни лозинки за своите профили и тоа неколку дена откако беа хакирани корпоративните профили на Burger King и Jeep.
Новиот Chevrolet SS (Super Sport) нема да се увезува во Израел, поради тоа што неговото име потсетува на Schutzstaffel, моќна паравоена организација предводена од Хајнрих Химлер во времето на нацистичка Германија.
Компанијата Microsoft сопшти дека Hotmail во целост ќе биде заменет со Outlook, со што тој ќе стане неговиот официјален сервис за мејлови.
Германскиот произведувач на автомобили BMW ќе повлече околу 750.000 автомобили ширум светот поради потенцијални проблеми со електрониката, соопшти портпаролот на компанијата, пренесува Ројтерс.
Според резултатите на новата студија на Brand Finance, изненадувачки, пред Coca Cola и Google, најмоќниот бренд во светот е Ferrari.
Разговорите за воспоствавување Северно - атлантски договор за слободна трговија или TAFTA би требало да започнат уште оваа година. Со создавање на најголем светски трговски блок треба да се поттикне економскиот раст меѓу главните трговски партнери.
По неуспешниот обид да го купи Facebook за една милијарда долари и пропуштената шанса за бизнис со Flicker, Yahoo не направи ништо посебно кога се социјалните мрежи во прашање.
Милијардерот Ворен Бафет го купи американскиот гигант за производство на храна Heinz за 28 милијарди долари. Конгломератот Berkshire Hathaway на Бафет и инвестициската компанија 3G Capital постигнаа договор за купување на најпознатиот произведувач на кечап.
Компанијата Blackberry соопшти дека својот нов производ, мобилниот телефон Z10 нема да го продава во Јапонија. Со овој потег најави и повлекување од оваа земја.