Кина го презеде водството од САД и има најмногу барања за признавање на патенти на светот, наведува ОН во својот извештај.
Британската банка HSBC објави дека се согласува да им плати на американските власти рекордни 1,92 милијарди долари во рамките на нагодбата во спорот во кој се терети за перење пари на сметка на терористи и Иран.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, сопственик на истоимената агенција, ја разгледува можноста да го купи The Financial Times и еден дел од The Economist, пишува The New York Times.
Пред, за време и по рецесијата, Мекдоналдс е незапирлива глобална сила. Овој гигант на брзата храна работи во 119 земји, а продава по 75 бургери во секунда.
Кина ќе вложи 56 милијарди долари до 2015 година во ограничување на загадувањето на воздухот во големите градови. Лекарите предупредуваат дека честичките познати како ПМ 2,5 можат да се задржат во белите дробови и да предизвикаат респираторни проблеми и други заболувања.
На планетата има скоро 7,1 милијарди луѓе. Од нив 71 се најзначајни. Што имаат заедничко претседателот на САД, папата и основачот на Фејбук? Сите се на листата на Форбс на најмоќни луѓе во светот за 2012 година.
Една од најголемите светски прехранбени компании, швајцарски Nestlé објави соопштение во кое најавува здружување со кинеската фармацевтска куќа Hutchison Chi-Med.
Автомобилскиот гигант Форд повлече 89.000 возила во САД и Канада поради загриженост дека моторите можат да предизвикаат пожар.
Нафтениот гигант British Petroleum привремено остана без можност да склучува нови договори за работа во САД поради излевањето на нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година, соопшти американската Агенција за заштита на природната средина EPA.
Американските и европските власти затворија 132 интернет страници на кои се продавала фалсификувана стока, од облека и патики, до очила за сонце.
Американските тутунски компании кои со децении негираа дека ја лажеле американската јавност за штетноста од пушењето, сега ќе мораат на сопствен трошок да спроведат рекламна кампања со која ќе ја признаат својата лага, пресуди американскиот сојузен суд.
Кина ја разгледува можноста да ја ублажи политиката на едно дете затоа што е соочена со рапидно стареење на популацијата, објави China Daily.
Шведскиот гигант за производитство на телекомуникациска опрема Ericsson излезе со соопштение дека поднел тужба пред американскиот суд против јужнокорејската компанија Samsung поради кршење на патенти.
Американската банкарска компанија Citigroup ќе затвори 21 од вкупно 37 филијали во Грција. Како причина за тоа ја наведува рецесијата што ја погоди оваа земја.
Јапонија во месец октомври забележа трговски дефицит, четири месеци по ред, откако должничката криза и напнатите односи со Кина го намалија извозот.
Еколошката организација Greenpeace пронајде опасни хемикалии во облеката на познати модни марки како што се Zara, Levi’s и Calvin Klein. Тестовите покажале дека производите на Zara содржат хемикалии и бои кои предизвикуваат хормонално пореметување и испуштаат канцерогени материи.
Кина соопшти дека САД е нејзин најголем извозен пазар. САД ја поминаа Европската унија, која поради должничката криза ја намали побарувачката.
Цената на златото ќе продолжи да расте и следната година, додека во последниот квартал ќе изнесува во просек 1.925 долари по унца, прогнозираат аналитичарите на Блумберг.
Глобалниот фармацевтски гигант Pfizer отвори нова фабрика за производство на пневмококна конјугирана вакцина во Истанбул, Турција. Ова е трета ваква фабрика на Pfizer, по првите две лоцирани во САД и Ирска.
Шпанската централна банка објави дека вкупниот удел на лоши кредити во шпанскиот банкарски сектор во септември достигнал рекордни 10,7% од нивната вкупна вредност. Колку за споредба, во август нивниот удел изнесувал 10,5%.
Според весникот Sunday Telegraph, Мариса Маер, извршниот дирекот на Yahoo! и Шерил Сандберг, главниот раководител на Фејсбук, разговарале за тоа како двете компании би можеле да соработуваат повеќе.
Катар ќе инвестира една милијарда евра во италијанските мали и средни претпријатија, изјави премиерот шеик Хамад бин Јасим ал-Тани, за време на посетата на италијанскиот премиер Марио Монти на оваа земја.
Џен Филдс, претседател на Мекдоналдс Америка, се повлече од функцијата, откако компанијата покажа пад на продажбата во октовмври, прва по 2003 година.
Ураганот Сенди го намали прометот во американската малопродажба во месец октомври, за прв пат во три месеци.