Самсунг е повторно пред Финската Нокиа како најголем производител на мобилни телефони во глобални рамки.
Најголемиот производител на автомобили во Јапонија, Тојота, најави дека ќе повлече 2,77 милиони автомобили од пазарот, поради проблеми со водната пумпа и управувањето.
Skype излезе со уште една новина на пазарот. Имено станува збор за Skype in the workspace платформа со која малите компании ќе можат беплатно да се поврзат со клиентите, партнерите и добавувачите.
Во изминатите неколку години, онлајн рекламирањето го прерасна рекламирањето во весниците и магазините и стана втор најголем медиум за реклами после телевизиите.
Стивен Синофски, шеф на одделот Windows на Мајкрософт, ја шокираше јавноста и си замина од компанијата само неколку недели по претставувањето на Windows 8.
Јапонската економија изминатиот квартал бележи пад во активноста за прв пат од минатата година, притисната од слабеењето на економските активности ширум светот и напнатоста во односите со Кина и на добар пат е да падне во рецесија.
Инстаграм апликацијата која беше наменета за обработување и споделување фотографии само за корисниците на мобилни телефони, сега ќе добие своја веб верзија и профили што ќе бидат достапни преку интернет.
Европската унија и десет земји од Латинска Америка потпишаа договор кој означува крај на таканаречената “војна за банани”. Тоа беше меѓународен спор што се однесува на тарифите за тргување со ова јужно овошје.
MasterCard лансира картичка со LCD екран со која набрзо ќе можеме да ја проверуваме состојбата на својата сметка и да правиме трансакции користејќи ги само кредитните картички.
Месечната продажба во рестораните на Мекдоналдс рестораните ширум светот падна за 1,8% во октомври, за прв пат од 2003 година до сега.
Јапонскиот произведувач на автомобили Сузуки соопшти дека ќе престане да врши дистрибуција за САД и дека ќе го напушти овој пазар.
Барак Обама го победи Мит Ромни во трката за претседател на САД и доби втор мандат. Границата од 270 гласови потребни за победа на изборите, Обама ја премина со победата во Охајо.
Италијанското правосудство вчера го деблокира либискиот имот вреден преку една милијарда евра кој беше замрзнат од минатиот март, јавуваат италијанските агенции повикувајќи се на либиски челник.
Извозниот успех на бројни германски претпријатија е незамислив без азиските земји. Но, вкупниот трговски биланс на Германија со тој регион е негативен.
Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во забрзан раст, разговараа за решенија за неуморната должничка криза во Европа.
На северот на Кина е откриено досега најголемото наоѓалиште на ураниум во земјата, соопшти кинеското министерство за природни ресурси.
Агенцијата Блумберг ја објави листата на 200 најбогати луѓе на светот. Пописот на богатите, всушност е листа на оние што ги „влечат конците“ во глобалната економија.
Американската компанија Watson Rharmaceuticals го заврши спојувањето на шведската Actavis Group за 5,6 милијарди долари и очекува зголемување на профитот од 30% до 40% во текот на 2013 година.
Кинеската инвестициска корпорација (CIC) купи 10% од акциите на фирмата сопственик на аеродромот Хитроу.
Помина времето кога инвестициските банки бараа само финансиски гении кои ќе им помогнат во донесувањето на одлуки. Сега се бараат и психолози, за да добијат подобра претстава за тоа како работи умот на инвеститорите, пренесува CNBC.
Американската корпорација Дизни ја купува продуцентската куќа ЛукасФилм чиј основач е режисерот и сценарист Џорџ Лукас, за 4,05 милијарди долари.
Рускиот индустриски конгломерат и произведувач на авио-опрема во државна сопственост, Russian Technologies, ќе купи 35 авиони Boeing 737 MAX за 3,5 милијарди долари.
Ветер, дожд, снег и бранови го погодија брегот на САД во ширина од 1.600 километри, а ефектите од бурата Сенди ги почувствуваа жителите на 17 сојузни држави. Зад себе остави урнатини, поплави и милиони луѓе во мрак. Се уште нема официјални процени, но се претпоставува дека Сенди ќе ја чини американската економија најмалку 20 милијарди долари.
Шведската документарна програма Kalla Fakta (The Cold Facts) ја обвини компанијата H&M дека не ги плаќа доволно работниците во своите фабрики во Камбоџа, односно дека ги плаќа само по три крони (0,45 долари) на час, пренесуваат шведските медиуми.