Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија, кој наскоро ќе заврши, се одвива без проблеми и според предвидената динамика. Привршува и откупот на...
Собраниската Комисија за економски прашања денеска ја констатира потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за стандардизација, во прво читање, со кои се создава правен основ за уредување на формата, содржината и примената на промотивниот знак „Македонско сонце“.
Групацијата на Мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи состанок.
Од Бирото за вработување во Прилеп информираат дека во периодот од пет години на спроведувањето на владините програми за поттикнување на вработувањето, во Прилеп со можностите за самовработување преку кредитирање, се вработиле 500 луѓе.
Според податоците што денес ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2012 се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 5,3% на годишно ниво.
Продолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, Отворено со катастарот, преку која граѓаните можат да остварат средби со стручни тимови на Агенцијата, преку кои би се решиле нивните проблеми од областа на катастарот.
Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија констатира дека движењата во економијата во државава, од аспект на монетарната политика и натаму се релативно поволни.
Канцеларијата на Светска Банка во Скопје соопшти дека одборот на извршни директори на банката вчера ја одобри гаранцијата за поддршка на комерцијален заем за Владата на Република Македонија во износ од 155 милиони евра.
Македонија денеска целосно ја исплати еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Со ова е намален државниот долг на 28,5% од БДП.
Годинава Владата на Република Македонија преку Министерството за економија ќе донира 13,37 милиони денари како поддршка за малите и средните претпријатија.
На вчерашната седница на Владата беше одлучено стипендиите за средношколците во Република Македонија за учебната 2012-2013 година да се зголемат за 25%.
Од министерството за финансии информирааат дека јануарската пензија односно социјалната парична помош денес е исплатена во целост.
Преку акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, годинава Владата ќе започне со градба на 474 станови во пет градови во Република Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на мало во декември се зголемени за 0,1%, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември.
Според извештајот на Државниот завод за статистика индексот на индустриското производство во месец ноември годинава, се намалил за 4,4% во однос на истиот месец минатата година.
Државниот завод за статистика излезе со податоци дека состојбата на компаниите од преработувачката индустрија во месец ноември е подобра во однос на октомври, но споредено со ноември 2011 е полоша.
Собранието на Република Македонија со 65 гласа “за” и четири "против", попладнево го донесе Буџетот за 2013 година, вреден 2,7 милијарди евра.
Во изградба на железничка и патна инфраструктура ќе бидат вложени вкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012 – 2013 година.
Според Државниот завод за статистика прометот во македонската индустрија во октомври 2012 година, во однос на истиот месец минатата година бележи намалување од 20.9%.
На денешната седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се донесе заклучок дека ССМ ги подржува барањата на вработените во ОХИС.
Атина ќе добие 34,3 милијарди евра во наредните денови, одобрија министрите за финансии од еврозоната. За Грција ќе бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош.
Во Македонија вчера е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија во декември. Според информациите од ЕВН - Македонија потрошени се 23,97 милиони киловат часови електрична енергија.
Европскиот парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година. За идните трошења на ЕУ предвидува 150,9 милијарди евра, за споредба во годинашниов буџет беа предвиедни 147,2 милијарди.
Прагот на апсорбирање средства од програмата ИПАРД е зголемен од 400.000 евра на 1,5 милиони за земјоделците и од 800.000 евра на 2,3 милиони за земјоделските стопанства.